
Утре во Скопје ќе се одржи програмски Конгрес на СДСМ, најавија
„32 Конгрес е за новата идеолошка платформа и програмска рамка на СДСМ кои во финална фаза треба да бидат усвоени“, велат од СДСМ.
Конгресот ќе има отворен и работен дел.
На почетокот ќе има отворен дел од конгресоткаде што ќе има обраќање претседателот на СДСМ, Венко Филипче кое што ќе може да се проследи целосно, како и обраќањето и на гостите на конгресот.
Потоа ќе следува мала пауза по којашто продолжува работниот дел од конгресот.
Во рамки на работниот дел, по 6 различни столбови делегатите на конгресот ќе работат во групи на документите кои на крај во финална верзија ќе бидат предложени за усвојување.

