Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Тошковски: Со поддршка од EU4FAST ја зајакнуваме борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе

10 јуни 2026

Фон дер Лајен: ЕУ во следните денови го отвора првиот преговарачки кластер со Молдавија и Украина

10 јуни 2026

Мицкоски: За новиот клинички центар разгледуваме локација кај базенот „Борис Трајковски, кој заедно со  „8 Септември“ и поликлиниката Букурешт би бил еден целосен комплекс

10 јуни 2026

Цаневска-Арсовска со три прашања до Ѓеорѓиевски: Каде се парите на скопјани, кој ги именува директорите и зошто Скопје се дави во смет?

10 јуни 2026

Истражување на Ројтерс: Семејството Трамп заработило 2,3 милијарди долари од криптопроекти, додека инвеститорите бележат големи загуби

10 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Оставката ја поднесов од објективни причини – вели експретседателката на Советот за македонски јазик и обвинува за игнорантски однос од Култура

Press OnlineBy Press Online9 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Еден месец откако објави дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата претседателка на Советот за македонски јазик при Министерството за култура и туризам, професорката Симона Груевска-Маџоска денеска на Фејсбук се огласи во врска со причините кои стојат зад ваквата одлука.



Груевска-Маџоска вели дека иако била решена да не дава изјави во јавноста во врска причините за нејзиното повлекување од фукцијата, била испровоцирана од вчерашната изјава на министерот за култура и туризам Зоран Љутков – дека оставката ја поднела од лични причини. Вистината, додава професорката, е поинаква.

Симона Груевска-Маџоска, професорка и експретседателка на Советот за македонски јазик / Фото: Фејсбук

Таа вели дека една и пол година, колку што била претседателка на Советот за македонски јазик, немала ниедна средба со министерот за култура и туризам кој, како што додава, ниту дошол да го поздрави конституирањето на Советот, ниту ѝ се заблагодарил за сите активности што своеволно и пробоно ги направила лани во врска со одбележувањето на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик – настан за кој, како што тврди, Владата и Министерството за култура и не издвоиле буџет.

 

 

 

 

 

„Сите учесници што настапија на свеченоста во МНТ настапија без пари, па јас дури и сценариото го напишав без пари (нешто што го направив првпат во животот, зашто сум научник, а не сценарист), зашто сѐ уште има луѓе што си ја сакаат татковината. Прашањето е како Владата и Министерството за култура и туризам не предвиделе буџет за ова одбележување, а полни им се устите со македонскиот јазик, главно преку цитати од познати писатели и дејци во напишаните говори. Да се потсетиме дека оваа година Владата ќе ги плаќа Дејвид Гета и Хозе Карерас за прославата по повод 35 години од осамостојувањето на Македонија. Приоритети!!!“,

пишува Груевска-Маџоска во објавата на Фејсбук.

 

Професорката вели дека речиси една година инсистирала да започне изработката на Националната стратегија за македонскиот јазик, предвидена во Законот за употребата на македонскиот јазик. Во врска со ова прашање барала средба со правната служба во Министерството за култура и туризам од каде што ѝ пренеле дека се зафатени и дека треба да му се обрати лично на министерот Зоран Љутков. Со допис му се обратила на 29 мај 2025 година.

„Чекав повеќе од шест месеци на одговор, кога повторно го ставив на дневен ред на седница на Советот за македонски јазик, па се растрчаа со смешна приказна дека министерот не го добил дописот. Работната група за изработка на Стратегијата се формира дури на крајот на јануари 2026 година со член од Министерството за култура кој (која) беше еден вид петта колона во групата, за што ѝ пишав на државниот секретар и не добив одговор. Барав прием кај министерот и два месеци чекав пред да ја дадам оставката, а никогаш не го добив“,

додава Груевска-Маџоска.

Крајно, додава таа, се закажала расправа за Националната стратегија за култура, за која тврди дека никогаш бил исконсултиран Советот за македонски јазик, а во делот за македонскиот јазик се пишувале неточни работи.

„Бидејќи имав покана за јавната расправа, отидов со намера јавно да ги кажам забелешките, но од државниот секретар ми беше кажано да не зборувам јавно и дека ‘на нивен предлог сум била избрана за претседател’, што е класична закана. Јавната расправа ја напуштив и истиот ден ја напишав оставката со неличните причини и ја доставив до Владата, до Министерството за култура и до МОН. Забелешките за Националната стратегија за култура ги доставив до Комисијата за култура при Собранието на Македонија и до Министерството за култура и туризам. Никој потоа не ме контактира (официјално), ниту добив некаков одговор ниту од Владата ниту од Министерството за култура и туризам. Мојот заклучок на крајот е дека никој не се грижи за македонскиот јазик (што се гледа и од тоа дека три години од донесувањето на Законот не функционира Инспекторатот) и Господ да ни е напомош!!!“,додава експретседателката на Советот за македонски јазик.

Груевска-Маџоска вели дека ова се дел од причините од кои може да се извлече заклучок дека оставката ја поднела од објективни, а не од лични причини.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков вчера најави дека на денешната владина седница ќе биде именуван нов претседател на Советот за македонски јазик.



Поврзани содржини

Тошковски: Со поддршка од EU4FAST ја зајакнуваме борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе

10 јуни 2026

Мицкоски: За новиот клинички центар разгледуваме локација кај базенот „Борис Трајковски, кој заедно со  „8 Септември“ и поликлиниката Букурешт би бил еден целосен комплекс

10 јуни 2026

Цаневска-Арсовска со три прашања до Ѓеорѓиевски: Каде се парите на скопјани, кој ги именува директорите и зошто Скопје се дави во смет?

10 јуни 2026
НАЈНОВО

Тошковски: Со поддршка од EU4FAST ја зајакнуваме борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе

10 јуни 2026

Фон дер Лајен: ЕУ во следните денови го отвора првиот преговарачки кластер со Молдавија и Украина

10 јуни 2026

Мицкоски: За новиот клинички центар разгледуваме локација кај базенот „Борис Трајковски, кој заедно со  „8 Септември“ и поликлиниката Букурешт би бил еден целосен комплекс

10 јуни 2026

Цаневска-Арсовска со три прашања до Ѓеорѓиевски: Каде се парите на скопјани, кој ги именува директорите и зошто Скопје се дави во смет?

10 јуни 2026

Истражување на Ројтерс: Семејството Трамп заработило 2,3 милијарди долари од криптопроекти, додека инвеститорите бележат големи загуби

10 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.