Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мицкоски од Истанбул: Презентираме силна владина поддршка за привлекување нови турски инвестиции

13 јуни 2026

Поранешниот јужнокорејски претседател Јун осуден на 30 години затвор

13 јуни 2026

Спасовски: Мицкоски нема намера да напрви ниту чекор кон ЕУ

13 јуни 2026

Виничанец заработи кривична: Прекршил три судски забрани и се заканувал на сопругата и нејзините родители

12 јуни 2026

Багеи: Се согласивме на најголемиот дел од нацртот, нема компромис за „црвените линии“

12 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Со воз од Маџари до центарот на Скопје за околу пет минути – покажа споредбената тура по трасата на БРТ и на градскиот воз

Press OnlineBy Press Online12 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со воз од Маџари до центарот на Скопје се стигнува за околу пет минути. Но, со автобус на истата релација е потребно подолго време. Ова го покажа споредбената тура што денеска се одржа низ главниот град по трасата предвидена за идниот брз автобуски превоз (БРТ) и таа за градскиот воз.



Оваа тура се одржа во рамките на конференцијата „Traffic for All – Skopje“, во организација на „Го грин“, а целта е да се покаже потенцијалот на јавниот превоз во главниот град и можностите за негово унапредување преку брзиот автобуски превоз (БРТ) и преку развојот на градскиот воз.

Турата започна со градски автобус на релација од Карпош 4 до Маџари по трасата предвидена за идниот БРТ-систем. Потоа, со воз продолжи од Маџари до Железничката станица во Скопје, траса што е предвидена за градскиот воз. Заклучокот е дека железничкиот превоз ја заврши рутата за околу пет минути, додека автобусот сè уште беше на пат.

Експертот за урбана одржлива мобилност од „Го грин“, Дарко Арсовски-Петровски, рече дека ваквите споредбени патувања ја демонстрираат предноста на железничкиот превоз во однос на патниот, особено во услови на зголемен сообраќаен метеж.

Посебен фокус, како што кажа тој, има проектот „Градски воз”, кој претставува еден од најзначајните инфраструктурни зафати за унапредување на јавниот превоз во Скопскиот Регион.

„Денеска сме на Железничката станица – Скопје како дел од третата по ред конференција ‘Traffic for All – Skopje‘, која првпат се одржува во Македонија. Имавме можност да патуваме со ЈСП по трасата на БРТ, кој треба да се развива, а со градскиот воз стигнавме од Маџари до Скопје за експресно време од пет минути“,рече тој.

Според него, воведувањето на БРТ-системот и унапредувањето на железничкиот превоз би придонеле за задржување на патниците во јавниот транспорт и намалување на урбаниот сообраќаен притисок, кој во последните години се зголемува поради пад на квалитетот на автобускиот превоз.

Директорката за пруги во Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Скопје, Ивана Бикоска, информира дека проектот за градски воз опфаќа три делници, при што најнапредна е првата фаза од Зелениково до Скопје, со неколку постојки, меѓу кои Јане Сандански, Драчево и Лисиче.

Посочи дека градежните активности за првата фаза се во завршна фаза со реализација од над 90 отсто, при што во тек е замена на дел од инфраструктурата на пругата.

За останатите две делници, од Волково преку Ѓорче Петров до Скопје Север и од Миладиновци преку Илинден и Маџари до Скопје, кажа дека е објавена постапка за изработка на техничка документација.

Според неа, рокот за пуштање во употреба на првата фаза останува 1 септември, но реализацијата зависи и од обезбедувањето на соодветниот возен парк.

Директорот за патнички сообраќај, Горанчо Јовановски, изјави дека железничкиот превоз има значително поголем капацитет и пократко време на патување во споредба со автобускиот.

„Автобусите по возен ред возат 65 минути, а нивниот капацитет е четирипати помал од капацитетот што го имаме ние со железничкиот превоз“,вели тој.

Во почетната фаза, додаде, ќе сообраќаат ограничен број возови, со два утрински и еден во остатокот од денот, додека се очекува дополнување на возниот парк во наредниот период.

Информира и дека цената на билетот сè уште не е утврдена и ќе се дефинира во координација со надлежните институции.

Дел од жителите на Ново Лисиче изразија загриженост дека дел од предвидената траса на БРТ може да зафати зелен простор во населбата, посочувајќи дека постојат алтернативни решенија кои би го зачувале паркот познат како „Рајска градина“, каде што е предвидена изградба на последна постојка, депо и сервисен центар за БРТ.

Апелираат надлежните да го разгледаат предлогот за преместување на дел од инфраструктурата на друго државно земјиште, со цел зачувување на постојните зелени површини.



Поврзани содржини

Мицкоски од Истанбул: Презентираме силна владина поддршка за привлекување нови турски инвестиции

13 јуни 2026

Спасовски: Мицкоски нема намера да напрви ниту чекор кон ЕУ

13 јуни 2026

Виничанец заработи кривична: Прекршил три судски забрани и се заканувал на сопругата и нејзините родители

12 јуни 2026
НАЈНОВО

Мицкоски од Истанбул: Презентираме силна владина поддршка за привлекување нови турски инвестиции

13 јуни 2026

Поранешниот јужнокорејски претседател Јун осуден на 30 години затвор

13 јуни 2026

Спасовски: Мицкоски нема намера да напрви ниту чекор кон ЕУ

13 јуни 2026

Виничанец заработи кривична: Прекршил три судски забрани и се заканувал на сопругата и нејзините родители

12 јуни 2026

Багеи: Се согласивме на најголемиот дел од нацртот, нема компромис за „црвените линии“

12 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.