Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

(ВИДЕО) Жерновски: Пари нема, резултати нема – затоа Мицкоски брза на избори

13 јуни 2026

Алиу: Реформите во здравството добиваат европска рамка со приклучувањето кон програмата EU4Health

13 јуни 2026

Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

13 јуни 2026

Мицкоски од Истанбул: Презентираме силна владина поддршка за привлекување нови турски инвестиции

13 јуни 2026

Поранешниот јужнокорејски претседател Јун осуден на 30 години затвор

13 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Спасовски: Мицкоски нема намера да напрви ниту чекор кон ЕУ

Press OnlineBy Press Online13 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во гостување во „24 Анализа“ ја обвини Владата на Мицкоски, дека нема ниту план, ниту стратегија за европската интеграција, посочувајќи дека ВМРО треба да престане со замајување на јавноста додека граѓаните остануваат без конкретни одговори и без реални чекори напред.

„Македонските граѓани очекуваат и бараат одговори за тоа кој е предлогот на Владата во однос на сите овие прашања. Факт е дека ние мораме да добиеме одговор од страна на премиерот што понатаму со процесот. Се плашам да не биде само замајување на јавноста дека водиме некаков разговор и дека нешто ќе направиме. Се поставува прашањето зошто не се преземат чекори со коишто ќе одиме напред и да го искористиме тој геополитички момент. Јас, две години откако Мицкоски ја извршува позицијата претседател на влада, освен тоа дека тој нема намера да направи еден чекор, немаме никаква друга информација.“ рече Спасовски.

Спасовски посочи дека СДСМ ја повика Владата да ја преземе одговорноста за евроинтегративниот процес, вклучително и преку референдумско изјаснување
„Еве нека биде и на референдум, да видиме дали сè уште граѓаните стојат зад оваа цел. Суштински, не се преземаат чекори кон остварување на оваа цел. Имам право да се сомневам дали се искрени во декларациите дека се за членство во ЕУ“, истакна пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовки.

Осврнувајќи се реформите пак, Спасовски обвини дека по две години власт нема суштински реформи и дека системот останува непроменет.

„Еве две години власт, која политика е променета од минатото? Што е тоа што се направи како сериозна реформа во којашто ќе речеме дека го менуваме системот? Ја имавме трагедијата во Кочани и до денес не се направи ништо во тој дел за да кажеме да го менуваме системот, истакна Спасовски.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Жерновски: Пари нема, резултати нема – затоа Мицкоски брза на избори

13 јуни 2026

Алиу: Реформите во здравството добиваат европска рамка со приклучувањето кон програмата EU4Health

13 јуни 2026

Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

13 јуни 2026
НАЈНОВО

(ВИДЕО) Жерновски: Пари нема, резултати нема – затоа Мицкоски брза на избори

13 јуни 2026

Алиу: Реформите во здравството добиваат европска рамка со приклучувањето кон програмата EU4Health

13 јуни 2026

Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

13 јуни 2026

Мицкоски од Истанбул: Презентираме силна владина поддршка за привлекување нови турски инвестиции

13 јуни 2026

Поранешниот јужнокорејски претседател Јун осуден на 30 години затвор

13 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.