Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Градоначалникот Ѓорѓиевски се пофали дека цела ноќ се чистело Скопје

13 јуни 2026

Иран со мини ги заштитил локациите со резерви на ураниум

13 јуни 2026

Тешко повреден мотоциклист по судир со дипломатско возило во Скопје

13 јуни 2026

Куба најави економски реформи по модел на Кина и Виетнам

13 јуни 2026

Нула денари штета и загадување

13 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Нула денари штета и загадување

Press OnlineBy Press Online13 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Колку јавноста е запознаена со сите факти за случајот „Мазут“ кој е тема во медиумите во Македонија откако Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција одлучи да ја запре истрагата поради недостаток на докази?

Да ги погледнеме работите од самиот почеток, до одлуката за запирање на истрагата хронолошки и со факти.

На 9 ноември 2021 година Владата со одлука прогласува кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, која понатаму во два наврати ќе биде продолжувана до април 2023 година. Кризната состојба е прогласена како резултат на големите нарушувања во функционирањето на пазарот на електрична енергија, што предизвика висок пораст на цените на струјата во втората половина на 2021 година. Со цел да се остварат заштеди во буџетот, а и да се одржи социјалната стабилност во земјата, Владата одлучува да се рестартира ТЕЦ „Неготино“, централа која со години била чувана како „ладна резерва“.

Регулаторната комисија за енергетика во Годишниот извештај за работа во 2022 година констатира дека пуштањето во работа на ТЕЦ Неготино било економски оправдано, затоа што во оваа електрана цената на произведената струја од мазут била пониска од берзанските цени на електричната енергија во поголемиот дел од 2022 година.

АД ЕСМ по рестартирањето на ТЕЦ Неготино, има потреба од мазут за работа на електраната. ЕСМ не е обврзана да спроведе формална постапка согласно со Законот за јавни набавки, да објави оглас или да испрати покана за прибирање понуди, туку можело директно да стапи во деловен однос со конкретен лиценциран добавувач и да ја реализира набавката, согласно со принципите на добро управување, транспарентност, еднаков третман и рационално управување со јавните ресурси. Сепак, АД ЕСМ упатило покана до сите релевантни економски оператори кои поседуваат лиценца за трговија со нафтени деривати и така реално овозможило конкуренција помеѓу потенцијалните снабдувачи и обезбедило можност за доставување понуди под исти услови. Сослушаните претставници на економските оператори во текот на истрагата го потврдиле тоа и посочиле дека тие не одговориле на јавните повици, бидејќи динамиката на испораката во услови на енергетска криза била предизвик.

Економскиот оператор РКМ (компанијата која беше осомничена во случајот) се јавил на повикот под исти услови како и сите други потенцијални добавувачи на мазут на пазарот и подоцна бил избран како најповолен понудувач. Имало и друга понуда, но била неприфатлива поради малите количини кои биле наведени во понудата. Ниту еден елемент од јавниот повик не упатува на тоа дека условите биле поставени на начин што би фаворизирал конкретен оператор или би ја ограничил конкуренцијата.

Според објави на неколку медиуми, кои имаат информации за истрагата, од исказите на сите сослушани сведоци и претставници, како и од подготвеното вештачење, произлегло дека нема повреда на динамиката на испорака на мазутот, дека се одело според договореното и дека немало прекин на производството на електрична енергија во текот на целиот период поради недостиг од мазут. Имало прекини на производството, но тоа било од технички прекини, никогаш поради недостиг од мазут. Притоа, сослушаните претставници на АД ЕСМ и на ТЕЦ „Неготино“, на записник изнеле констатации дека „добавувањето и динамиката со РКМ се одвивала подобро, отколку со претходните добавувачи“ и дека „капа им симнуваат на РКМ заради доставата на мазутот“.

Дополнително, со вештачењето се утврдило дека немало калкулирање со испораката во поглед на дневно утврдените цени на мазутот. Поради овие причини ОЈО ГОКК ја запре истрагата.

Не се докажаа сомнежите за перење на пари и загадување на животната средина.

Подобро е истрагата да запре, наместо да се поднесе обвинение кое подоцна ќе падне на суд, смета државниот јавен обвинител Ненад Савески за случајот „Мазут. Савески ја поддржа обвинителката Коларевиќ, а на брифинг со медиумите истакна дека е изненаден од реакциите на јавноста.

Она за што македонската јавност беше најмногу загрижена е прашањето дали мазутот го загадувал воздухот или не.

Во Македонија постои Правилник за квалитетот на течните горива каде се пропишуваат граничните вредности на сите горива, меѓу кои и мазутот. Согласно правилникот, за мазут се контролираат граничните вредности за сулфур, вода, пепел, седименти, точка на палење, калориска моќност, вискозитет на 100 степени, карбон. Државата има строга контрола над увезените нафтени деривати, преку Цринската управа, како и преку Државниот пазарен инспекторат, а во овој случај не е утврдено надминување на граничните вредности.

Според официјалните извештаи на ТЕЦ Неготино, од каде редовно се вршела контрола на квалитетот на воздухот, во периодот за кој се истражуваше, а  во јавноста се шпекулираше со информации за „труење“ и „загадување на воздухот“, воопшто и немало загадување од ТЕЦ Неготино.

Иако во јавноста мазутот често се донесува во негативен контекст, примерите од најразвиените и најеколошките европски држави докажуваат дека овој енергенс може да се користи во процесот на производство на електрична енергија без да предизвикува загадување на воздухот.

Земји како Финска, Шведска, Германија, Данска и Франција веќе со години ефикасно го користат мазутот како сигурен и брз резервен капацитет за стабилизација на своите електроенергетски мрежи.

Во врска со економските прашања во овој случај, АД Електрани на Северна Македонија воопшто не пријавиле штета за време на процесот. Овој факт го повтори и професорот Гордан Калајџиев кој во неколку јавни настапи го постави прашањето дали воопшто ЕСМ може да вложи жалба до Вишото јавно обвинителство поради одлуката на ОЈО ГОКК за запирање на постапката, која нема пријавена штета.

Доколку во целиот криитчен период кој е опфатен со истрагата, се анализираат берзите на електричната енергија, лесно може да се констатира дека доколку ТЕЦ Неготино не работело, Македонија за да купи струја ќе потрошела 880 милиони евра.

Дополнително прашање дали потребната количина воопшто можела да се обезбеди, бидејќи енергетската криза во тој период беше не само ценовен шок, туку и недостаток на гас, мазут, дизел и бензин. Споредено со денес, енергетската криза која ја предизвика војната во Иран е поради цената на нафтата и нафтените деривати. Количините на истите не се доведуваат во прашање, за разлика од тогашната енергетска криза каде државите се бореа за да ја обезбедат потребната електрична енергија.

Бројките покажуваат дека ТЕЦ Неготино секоја година како ладна резерва ја чини државата околу 5 милиони евра со самото постоење, за плати, тековни трошоци и слично. Она што е евидентно и од официјалните извештаи на ЕСМ, ТЕЦ Неготино во 2022 и 2023 година има остварено профит од 30 милиони евра.

Извор: Нова

Поврзани содржини

Градоначалникот Ѓорѓиевски се пофали дека цела ноќ се чистело Скопје

13 јуни 2026

Тешко повреден мотоциклист по судир со дипломатско возило во Скопје

13 јуни 2026

Сончево со мала до умерена локална облачност

13 јуни 2026
НАЈНОВО

Градоначалникот Ѓорѓиевски се пофали дека цела ноќ се чистело Скопје

13 јуни 2026

Иран со мини ги заштитил локациите со резерви на ураниум

13 јуни 2026

Тешко повреден мотоциклист по судир со дипломатско возило во Скопје

13 јуни 2026

Куба најави економски реформи по модел на Кина и Виетнам

13 јуни 2026

Нула денари штета и загадување

13 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.