31-годишна скопјанка, вработена на наплатната станица Петровец утрово пријавила дека била физички нападната од нејзина колешка.

Како што се наведува во полицискиот билтен, утрово во 06:10 часот во СВР Скопје, 31-годишната Г.Ц.М. од село Р`жаничино, скопско, пријавила дека во 06:00 часот на работното место на наплатна станица Петровец, поради меѓусебно нетрпение, била физички нападната од нејзината колешка С.А..
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок

