
Во акциска контрола спроведена на подрачјето на СВР Битола, полицијата санкционирала вкупно 80 мотоциклисти и 10 возачи на електрични тротинети.
Контролата била реализирана на 13 јуни во периодот од 16 до 22 часот и била насочена кон прекршоците што ги прават возачите на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети.
Според податоците на МВР, кај мотоциклистите биле констатирани 80 прекршоци, од кои најголем дел – 44, се однесуваат на неносење заштитна кацига.
Полицијата санкционирала и петмина мотоциклисти кои управувале возило под дејство на алкохол, седум возачи поради истечена важност на сообраќајната дозвола, двајца поради истечена осигурителна полиса, како и уште 22 прекршоци по други основи.
Дополнително, изречени се 10 мерки против возачи на електрични тротинети.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите со цел зголемување на безбедноста на патиштата, објави Скопје1.мк

