Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Левица: БРАТОТ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ПРЕМИЕРОТ МИЦКОВСКИ НА ПЛАТЕН СПИСОК НА ЛОТАРИЈА – 24.000 ЕВРА ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА АРТИСТИ ЗА Д – ФЕСТИВАЛ ВО ДОЈРАН

18 јуни 2026

Драматични снимки од Москва, чад се шири над делови на градот по напади од украински дронови

18 јуни 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

18 јуни 2026

„Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?“, прашуваат од СДСМ

18 јуни 2026

Променливо облачно и топло, дневната температура од 26 до 34 степени

18 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Осум лица загинаа при тест-лет на американски стратешки бомбардер „Б-52“ во Калифорнија

Press OnlineBy Press Online16 јуни 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сите осум лица кои се наоѓаа во американскиот бомбардер „Б-52“ загинаа кога авионот се урна кратко по полетувањето од воздухопловната база Едвардс во американската сојузна држава Калифорнија во понеделникот, потврдија Воздухопловните сили на САД.

„Денеска воздухопловната база Едвардс доживеа страшна трагедија и загубивме осум извонредни Американци“, изјави полковникот Џејмс Хејс на прес-конференција.

Тој посочи дека надлежните се во процес на известување на семејствата на жртвите и дека дополнителни информации за загинатите ќе бидат објавени по завршувањето на таа постапка.

Американскиот производител на авиони „Боинг“ соопшти дека двајца од загинатите биле вработени во компанијата.

Хејс изјави дека летот, кој полетал доцна претпладнето во понеделникот (по локално време), бил наменет за тестирање на нов радарски систем. Според него, авионот се урнал само неколку моменти по полетувањето, а потоа се запалил.

„Во овој момент немаме никакви индикации за причините за несреќата. Не можеме да објавиме такви информации и нема да можеме да дојдеме до нив во скоро време“, рече Хејс.

Претходно, Воздухопловните сили соопштија дека првичните информации укажуваат оти несреќата не оставила можност за преживување, додавајќи дека екипите за итна интервенција веднаш биле испратени на местото на падот.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, преку социјалната мрежа Икс изрази сочувство до блиските на жртвите, нивните семејства и припадниците на Воздухопловните сили. Тој им се заблагодари и на спасувачите и на службите за итни случаи кои работат на местото на несреќата.

Од базата Едвардс преку Фејсбук соопштија дека службите за итна помош привремено го затвориле воениот аеродром и ги пренасочиле авионите што пристигнувале кон други аеродроми.

„Б-52“ е стратешки бомбардер со долг дострел што го користат Воздухопловните сили на САД и е способен да носи и конвенционално и нуклеарно оружје.

Воздухопловната база Едвардс се наоѓа во пустината Мохаве, на околу 100 километри северно од Лос Анџелес.

Во минатото, американската војска ја користеше оваа база за тестирање на различни напредни системи, меѓу кои и стелт-дронови и авиони способни да летаат со брзина шестпати поголема од брзината на звукот.

Поврзани содржини

Драматични снимки од Москва, чад се шири над делови на градот по напади од украински дронови

18 јуни 2026

Моди побара од Трамп во договорот со Иран да се гарантира безбедноста на индиските морнари

17 јуни 2026

Лидерите на Г7, вклучително и Трамп, ветија помош за Украина и нови санкции за Русија

17 јуни 2026
НАЈНОВО

Левица: БРАТОТ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ПРЕМИЕРОТ МИЦКОВСКИ НА ПЛАТЕН СПИСОК НА ЛОТАРИЈА – 24.000 ЕВРА ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА АРТИСТИ ЗА Д – ФЕСТИВАЛ ВО ДОЈРАН

18 јуни 2026

Драматични снимки од Москва, чад се шири над делови на градот по напади од украински дронови

18 јуни 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

18 јуни 2026

„Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?“, прашуваат од СДСМ

18 јуни 2026

Променливо облачно и топло, дневната температура од 26 до 34 степени

18 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.