Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Ер трактор гаснеше во Велес – пожарот беснее близу затворот

16 јуни 2026

Ордановски: Македонското општество е дезориентирано, апатијата станува алатка за владеење

16 јуни 2026

Договорот помеѓу САД и Иран ќе биде потпишан во планинското одморалиште Биргеншток

16 јуни 2026

Meet Prespa 2026 и годинава ќе ги обедини луѓето од Македонија, Албанија и Грција!

16 јуни 2026

Србија и МОЛ потпишаа договор за НИС

16 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати, МВР истражува

Press OnlineBy Press Online16 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


По појавата на четврти пожар кај Штип за само неколку дена, Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), изјави дека претпоставува оти пожарите се подметнати и рече дека МВР истражува за да открие можни сторители.



-Во олку краток период да има вака сериозни пожари е навистина симптоматично и секако дека нè загрижува. МВР работи на откривање на сторителите и времето ќе покаже дали и кој намерно го предизвикал овој пожар, не само денешниот, изјави Ангелов вечерва во гостување во Дневникот на ТВ Сител.

Посочи дека секој ден низ државата има десетина помали пожари, но состојбата сè уште не е алармантна затоа што вегетацијата е сè уште зелена, дрвјата имаат доста количество вода и засега потешко се запалливи.

-Сè уште не се масивни пожарите, но со престанок на дождовите, тревата се суши, станува лесно запаллива и од неа се палат ниската вегетација и шумите. Проблем е во јули и август кога има голем број пожари во еден ден. Лани рекордот беше 44 пожари во еден ден, а во 2024 имаше 66 пожари во еден ден – во почетокот на јули кога гореше Овче Поле. Максимално сме подготвени со човечки ресурси и опрема, но не може да биде доволно. И економски помоќни држави тешко се справуваат со пожарите во лето, истакна Ангелов.

Посочи дека ДЗС сега има 40-ина пренаменети специјални возила и три ер-трактори се сервисирани. Има четворица пилоти на ер-тракторите, но рече, договара млади пилоти кои ќе ги заменат тие што се во пензија. Соопшти дека има голем пријавени на неговиот повик до пензионирани полицајци, припадници на армијата и пензионирани пожарникари за возачи на специјалните возила и за оператори на пупми. Ги повикал, рече, поради нивното искуство, а за справување со пожарите размислува во иднина да се направат тимови од млади луѓе.

Ангелов, кој на чело на ДЗС дојде по раководењето на Центарот за управување со кризи (ЦУК), за ДЗС кажа дека ја затекнал во лоша состојба, особено нејзиното авиоодделение.

-Со моето доаѓање во ДЗС, не знаев што попрво да фатам. Авиоодделението е во катастрофална состојба. Успеав многу работи да коригирам во оваа една година, но таму има уште многу работа. Има одреден број квалитетни луѓе, но тој број не е доволен. Дел од луѓето би рекол дека се заспани минатите 20-ина години, имаат многу поголем капацитет, но се навикнати да работат по линија на помал отпор, оцени Ангелов.

Во врска со иницијативата за спојување на ДЗС и ЦУК во една инститиција и здружување на нивните функции, Ангелов кажа дека работната група во Владата работи на нацрт-верзија на законот за обединување на двете институции.



Поврзани содржини

Ер трактор гаснеше во Велес – пожарот беснее близу затворот

16 јуни 2026

Ордановски: Македонското општество е дезориентирано, апатијата станува алатка за владеење

16 јуни 2026

Meet Prespa 2026 и годинава ќе ги обедини луѓето од Македонија, Албанија и Грција!

16 јуни 2026
НАЈНОВО

Ер трактор гаснеше во Велес – пожарот беснее близу затворот

16 јуни 2026

Ордановски: Македонското општество е дезориентирано, апатијата станува алатка за владеење

16 јуни 2026

Договорот помеѓу САД и Иран ќе биде потпишан во планинското одморалиште Биргеншток

16 јуни 2026

Meet Prespa 2026 и годинава ќе ги обедини луѓето од Македонија, Албанија и Грција!

16 јуни 2026

Србија и МОЛ потпишаа договор за НИС

16 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.