Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Дали 75.000 гласачи вчера одлучија за иднината на 70 милиони Британци?

19 јуни 2026

СДСМ: Нова козметичка операција на тендер коалицијата наречена „реконструкција на Владата“

19 јуни 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС и ДУИ оставаа кризи, долгови и блокади, оваа Влада докажа дека знае како да работи

19 јуни 2026

ЕУ едногласно ја потврди поддршката за Украина и ги продолжи санкциите против Русија

19 јуни 2026

Концерти на дводневната манифестација „Ритамот на чаршијата“

19 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Нацрт-извештајот на ЕП ја потврди вистината: Нема реформи, нема напредок – Мицкоски ја оддалечува Македонија од ЕУ

Press OnlineBy Press Online17 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Соопштение на СДСМ



Предупредувавме за сѐ и сега сѐ се потврдува.

Нацрт-извештајот на Европскиот парламент:

 

-Нотира недостаток на напредок во реформите, особено во однос на владеењето на правото, на што алармиравме цело време.

Изразува загриженост дека судскиот систем, независноста на судовите и обвинителството, како и напорите за зајакнување на владеењето на правото и рамките за борба против корупцијата, не напредувале доволно.

 

-Ги повикува политичките чинители итно да се воздржат од политичко мешање во правосудството.

 

-Се нагласува важноста од независноста на судството, вклучително и преку зајакнување на Судскиот совет, во согласност со препораките и мислењето од мисијата за колегијална ревизија на Венецијанската комисија од 2023 година.

 

-Се констатира, со загриженост, дека не е постигнат напредок во спречувањето и борбата против корупцијата и дека таа останува распространета во многу области.

 

-Посебна загриженост предизвикуваат измените на Кривичниот законик, за кои предупредуваше и СДСМ, а кои создаваат неказнивост за функционерите на власта.

 

-Се нагласува дека постои значителен и необјаснив јаз меѓу формално најавените истраги за корупција и судските утврдувања на вина во случаи на корупција на високо ниво.

 

-Се изразува загриженост и поради стратешкото преземање на клучни телевизиски станици и новински портали од страна на унгарски медиумски субјекти, со што се овозможува ширење на антиевропски наративи.

 

Уште една потврда на она што СДСМ го говори подолго време. СДСМ со месеци зборува за медиумската мрежа на Орбан, која контролира 40% од медиумите во Македонија, како и за антиевропските кампањи, а сега и за медиумите на Вучиќ преку Euronews.

 

Дезинформациите и странското влијание преку т.н. „српски свет” се дел од овој антиевропски наратив што го води ВМРО на чело со Мицкоски, а кој е преземен по рецепт на Вучиќ и СНС, сестринската партија на ВМРО.

 

Сега е сѐ сосема јасно.

 



Поврзани содржини

СДСМ: Нова козметичка операција на тендер коалицијата наречена „реконструкција на Владата“

19 јуни 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС и ДУИ оставаа кризи, долгови и блокади, оваа Влада докажа дека знае како да работи

19 јуни 2026

Концерти на дводневната манифестација „Ритамот на чаршијата“

19 јуни 2026
НАЈНОВО

Дали 75.000 гласачи вчера одлучија за иднината на 70 милиони Британци?

19 јуни 2026

СДСМ: Нова козметичка операција на тендер коалицијата наречена „реконструкција на Владата“

19 јуни 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС и ДУИ оставаа кризи, долгови и блокади, оваа Влада докажа дека знае како да работи

19 јуни 2026

ЕУ едногласно ја потврди поддршката за Украина и ги продолжи санкциите против Русија

19 јуни 2026

Концерти на дводневната манифестација „Ритамот на чаршијата“

19 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.