Соопштение на Левица

‼️ Братот на обезбедувањето на премиерот Мицковски се најде на платниот списокот на Државна лотарија за донации и спонзорства и тоа, ни помалку ни повеќе, туку со 24.000 евра народни пари?
📢Имено, Здружението „Визуел Продакшн“, чиј застапник е Лазар Гогов, брат на Вељо Гогов – обезбедување на премиерот Христијан Мицковски инкасирале над 1.5 милиони денари (околу 24.000 евра) државни пари како донации од Лотарија на Македонија.
🚨Од она што успеавме да пронајдеме за овие пари здружението „Визуел Продакшн“, ги добило за ангажирање на артисти за реализација на Д – фестивал во Дојран. Дали 24.000 евра се реална сума за ангажирање на артисти и за какви артисти станува збор?
📌По кои критериуми токму тоа здружение заслужи 24.000 евра од Лотарија? Каков проект од „јавен интерес“ понуди ова здружение за да добие ваква сума на пари ?
❓Левица прашува дали парите во Државната Лотарија се пари на граѓаните, или личен фонд за наградување партиски послушници од Струмица и луѓе кои се во служба на премиерот на државата.

