Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Портпаролката на грчко МНР за системот на границата: Не може да се крши европската регулатива

18 јуни 2026

Починат 73-годишен тетовец пронајден во својот дом

18 јуни 2026

Руте потврди дека САД го намалуваат учеството во кризните сили на НАТО

18 јуни 2026

Акција на ОЈО ГОКК и УФП на повеќе локации во Скопје поради сомненија за финансиски криминал во ФФМ

18 јуни 2026

Тошковски: Се подготвуваат законски измени за тротинетите со заострување на казните и регулативата

18 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Затворски казни за родителите на малолетникот што изврши масакр пред три години во ОУ „Рибникар“ во Белград

Press OnlineBy Press Online18 јуни 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Белград – Вишиот суд во Белград ги осуди Владимир и Милјана Кецмановиќ, родителите на момчето што уби девет врсници и чувар во училиштето и повреди уште шест други, во основното училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај 2023 година, на повеќегодишни казни затвор.

Владимир Кецмановиќ е осуден на 14 години и шест месеци затвор за кривично дело занемарување и злоупотреба на малолетно лице и тешко дело против општата безбедност, а Милјана Кецмановиќ е осудена на две години и 11 месеци затвор за кривично дело занемарување и злоупотреба на малолетно лице.

Тоа е втора првостепена пресуда против која Обвинителството и одбраната имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Белград.

Објавувањето на пресудата за обвинетите родители на малолетното момче К. К., кое изврши масовно убиство на 3 мај 2023 година во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, беше најавено за денеска претпладне во Вишиот суд во Белград.

На 10 јуни главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, му предложи на Вишиот суд во Белград да ги прогласи Владимир и Милјана Кецмановиќ, родителите на тогаш 13-годишното момче, кое уби девет ученици и едно лице од обезбедувањето, а повреди уште пет ученици и наставничка по историја, за виновни и осудени на максимална казна.

Во својот завршен збор на судењето Стефановиќ изјави дека за двајцата обвинети родители „има исклучително отежнувачки околности“ и дека нивниот син не може да биде кривично одговорен поради неговата возраст во времето на кривичното дело поради што законот „им става посебна одговорност на родителите како лица што имаат законска и морална должност да го надгледуваат, воспитуваат и насочуваат детето“.

За Владимир Кецмановиќ обвинителот предложи единствена казна од 14 години и 11 месеци затвор, а за Милјана Кецмановиќ, мајката на момчето што го изврши масакрот во „Рибникар“, предложи казна од три години затвор.

Судењето беше повторено бидејќи Апелацискиот суд во ноември лани ги прифати жалбите на одбраната и го поништи делот од пресудата со кој се осудуваа Владимир и Милјана Кецмановиќ поради битно кршење на одредбите од кривичната постапка. Потоа предметот беше вратен во првостепен суд на повторно судење.
Притворот на Владимир Кецмановиќ беше продолжен до донесување нова пресуда, а Милјана Кецмановиќ се бранеше од слобода.

Владимир Кецмановиќ е обвинет за тешко кривично дело против општата сигурност и занемарување и злоупотреба на малолетно лице, Милјана Кецмановиќ е обвинета за занемарување и злоупотреба на малолетно лице, а таа беше ослободена од обвинението за нелегално производство, поседување, носење и трговија со оружје и експлозивни материи.
Апелација во Белград претходно му ја намали казната на Немања Маринковиќ, инструктор во стрелачкиот клуб „Партизан“, каде што Владимир Кецмановиќ го однел својот син на да вежба стрелање. Казната му е намалена од една година и три месеци на една година домашен притвор.

Повторната постапка против родителите почна кон крајот на јануари и на барање на Обвинителството беше затворена за јавноста со цел да се заштитат интересите на малолетниците и приватноста на оштетените страни. Со одлука на судот изнесувањето на завршните зборови беше јавно. 

Поврзани содржини

Портпаролката на грчко МНР за системот на границата: Не може да се крши европската регулатива

18 јуни 2026

Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија

17 јуни 2026

Пронајдени „значајни“ докази при претрес на домот на еден од осомничените за „Сараево сафари“

17 јуни 2026
НАЈНОВО

Портпаролката на грчко МНР за системот на границата: Не може да се крши европската регулатива

18 јуни 2026

Починат 73-годишен тетовец пронајден во својот дом

18 јуни 2026

Руте потврди дека САД го намалуваат учеството во кризните сили на НАТО

18 јуни 2026

Акција на ОЈО ГОКК и УФП на повеќе локации во Скопје поради сомненија за финансиски криминал во ФФМ

18 јуни 2026

Тошковски: Се подготвуваат законски измени за тротинетите со заострување на казните и регулативата

18 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.