Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

19 јуни 2026

Минчев пред средбата со Мицкоски за реконструкција на Владата: Министрите на ЗНАМ одлично си ја вршат работата

19 јуни 2026

Бугарски организации да не се нарекуваат антимакедонски во Македонија, бара Амбасадата на Бугарија

19 јуни 2026

Иранската ѕвезда Парасту Ахмади осудена на 74 удари со камшик за пеење без хиџаб

18 јуни 2026

Алиу: Здравствениот систем нема да се креира според желби на фамилијарни традиции

18 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Во над 60 училишта регистирани случаи на семејно насилство

Press OnlineBy Press Online18 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Загрижувачки податоци беа презентирани денес на промоцијата на новиот едногодишен проект за спречување на семејното и врсничкото насилство преку образовниот систем, што го спроведува Министерството за образование и наука (МОН). Проектот „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“ е поддржан од Министерството за внатрешни работи (МВР) и Министерството за социјална политика, демографија и млади.



Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски посочи дека податоците на МВР укажуваат на паралелен раст на семејното и врсничкото насилство, нагласувајќи дека изложеноста на насилство во семејството претставува еден од клучните ризик-фактори за подоцнежно агресивно однесување кај децата и младите.

Тошковски инфромираше дека од 1 јануари до 28 мај годинава биле регистрирани 768 кривични дела поврзани со семејно насилство, што е за 67 отсто повеќе во однос на истиот период лани, кога биле евидентирани 460 случаи. Само во првите две недели од јуни се регистрирани уште 89 нови кривични дела.

Во однос на врсничкото насилство, министерот рече дека годинава се евидентирани 93 инциденти во 64 училишта, што претставува зголемување во споредба со минатата година.

„Особено загрижува фактот што насилството врз деца е повеќе од двојно зголемено, а кривичното дело силување на дете под 15 години е регистрирано шест пати, наспроти еден случај во истиот период минатата година“, изјави Тошковски.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека бројни истражувања покажуваат дека семејното насилство е еден од главните причинители на врсничкото насилство. Таа најави дека од следната недела ќе започнат обуки за училишните психолози, педагози и социјални работници во основното образование за подобро препознавање и поддршка на децата изложени на насилство.

Во рамки на иницијативата ќе се организираат и дискусии со наставници, родители и ученици, а ќе биде изработен и унифициран протокол за постапување при сомнеж за насилство.

„Ќе организираме и дискусии со наставниците и семејствата на учениците за подигнување на свеста за овој проблем и за зајакнување на меѓусебната доверба и соработка, вклучително и соработката со институциите. Во дискусиите очекувам да се
вклучат и учениците. Факт е, како што нагласи, децата не стануваат агресивни во училиште, туку најчесто тие доаѓаат агресивни од дома“, истакна Јаневска.

Од Комората на психолози нагласија дека агресивното однесување кај децата често е последица на насилство или траума, порачувајќи дека институциите мора да работат не само на санкционирање на последиците, туку и на откривање и отстранување на причините за насилството.

„Кога едно дете е агресивно, нашата прва реакција мора да биде да го запреме насилството, но нашата професионална одговорност е и да разбереме од каде тоа насилство доаѓа.Ако ја третираме само последицата, а не и причината, ризикуваме циклусот на насилство да продолжи трансгенерациски“, рече Емилија Бошковска од Комората на психолози.

Министерот Фатмир Лимани оцени дека проблемот бара навремена превенција во семејството, училиштето и локалната заедница.

„Врсничкото насилство е сложена општествена појава која не се појавува изолирано. Често зад него стојат подлабоки проблеми – нарушени семејни односи, изложеност на семејно насилство, недостаток на емоционална поддршка, несоодветни модели на
однесување, но и негативни влијанија од дигиталниот простор“, изјави Лимани.



Поврзани содржини

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

19 јуни 2026

Минчев пред средбата со Мицкоски за реконструкција на Владата: Министрите на ЗНАМ одлично си ја вршат работата

19 јуни 2026

Бугарски организации да не се нарекуваат антимакедонски во Македонија, бара Амбасадата на Бугарија

19 јуни 2026
НАЈНОВО

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

19 јуни 2026

Минчев пред средбата со Мицкоски за реконструкција на Владата: Министрите на ЗНАМ одлично си ја вршат работата

19 јуни 2026

Бугарски организации да не се нарекуваат антимакедонски во Македонија, бара Амбасадата на Бугарија

19 јуни 2026

Иранската ѕвезда Парасту Ахмади осудена на 74 удари со камшик за пеење без хиџаб

18 јуни 2026

Алиу: Здравствениот систем нема да се креира според желби на фамилијарни традиции

18 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.