Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Идентитетот како алиби за блокада

19 јуни 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

19 јуни 2026

Минчев пред средбата со Мицкоски за реконструкција на Владата: Министрите на ЗНАМ одлично си ја вршат работата

19 јуни 2026

Бугарски организации да не се нарекуваат антимакедонски во Македонија, бара Амбасадата на Бугарија

19 јуни 2026

Иранската ѕвезда Парасту Ахмади осудена на 74 удари со камшик за пеење без хиџаб

18 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Минчев пред средбата со Мицкоски за реконструкција на Владата: Министрите на ЗНАМ одлично си ја вршат работата

Press OnlineBy Press Online19 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Партиски делегации предводени од лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и Движење ЗНАМ – За наша Македонија,  Христијан Мицкоски и Максим Димитриевски  в сабота ќе имаат средба во врска со најавената реконструкција на Владата.

Министерот за јавна администрација и генерален секретар на ЗНАМ, Горан Минчев, изјави дека на таа средба ќе сакаат да дознаат за каков опфат се работи со реконструкција на Владата, затоа што, рече, кога се разговара за реконструкција граѓаните мислат дека тоа е само првиот ешалон односно министрите.

-Меѓутоа, тука има и голем број на втор ешалон, трет ешалон – избрани и именувани функционери коишто, исто така, се на тие позиции со соодветна намена да испорачаат резултат, рече Минчев во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5.

На прашањето дали се подготвени за промени Минчев одговори дека како партија во изминатиот период направиле евалуација на работата не само на нивните министри и заменик-министрите, државните секретари, како позиции од првиот ешалон, туку и на сите други функционери предложени од Движењето ЗНАМ.

-Направивме ревизија на нивното двегодишно работење и нашиот став во овој момент е дека нашите двајца министри и сите други функционери ревносно и одлично си ја вршат својата работа. За ова прашање нема дали сакаш некого или не сакаш туку дали испорачува резултати или не испорачува резултати. Но, сепак, господинот Мицкоски е премиер и ние би сакале на таа средба в сабота да ги чуеме аргументите и од другата страна, истакна Минчев.

Како што рече, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта на прес-конференцијата неодамна во Скопје токму за ресорите на двајцата министри на ЗНАМ (правда и јавна администрација) изјавил дека има видлив напредок, односно Патоказот за владеење на правото и реформите во јавната администрација.

Минчев посочи дека при разговорите за влез во Владата пред две години направиле договор со ВМРО-ДПМНЕ за коалиција за четири години и дека со партијата на Мицкоски имаат идентични ставови по  неколку прашања, меѓу кои, како што рече, е ригидниот став против промена на Уставот.

Минчев кажа и дека ставот на ЗНАМ е на следните парламентарни избори да настапат самостојно, без разлика дали тие ќе бидат редовни или предвремени.

-Но, исто така, мора да ги разгледаме сите опции за да ги слушнеме аргументите од кој било наш колаициски партнер. Нашиот став е дека ние сме спремни веднаш, утре ако е потребно, да излеземе на избори и тоа со самостоен настап, рече Минчев во „Само интервју“.



Поврзани содржини

Идентитетот како алиби за блокада

19 јуни 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

19 јуни 2026

Бугарски организации да не се нарекуваат антимакедонски во Македонија, бара Амбасадата на Бугарија

19 јуни 2026
НАЈНОВО

Идентитетот како алиби за блокада

19 јуни 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

19 јуни 2026

Минчев пред средбата со Мицкоски за реконструкција на Владата: Министрите на ЗНАМ одлично си ја вршат работата

19 јуни 2026

Бугарски организации да не се нарекуваат антимакедонски во Македонија, бара Амбасадата на Бугарија

19 јуни 2026

Иранската ѕвезда Парасту Ахмади осудена на 74 удари со камшик за пеење без хиџаб

18 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.