Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Филипче со земјоделци од Иванковци: Катастрофална состојба со откупот на пченица и јачмен

19 јуни 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

19 јуни 2026

Кривична за директор на градинка во Штип: Преку фиктивни фактури исплатени над 7,7 милиони денари

19 јуни 2026

Новиот директор на Лувр: Музејот е без енергија

19 јуни 2026

Поранешниот прв човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски со уште две лица одат во 30-дневен притвор, за пет лица одреден куќен притвор

19 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Македонец што летувал на Малдиви се вратил со зика вирус

Press OnlineBy Press Online19 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Македонски државјанин кој летувал на Малдиви е позитивен на зика вирусот, информира Институтот за јавно здравје. Од таму информираат дека ова е прв регистриран случај на Зика вирусна инфекција во Македонија и иако станува збор за импортиран случај, поради интензивниот меѓунаредон транспорт и се поголемите трендови за патувања во тропски туристички дестинации како Малдивите, Тајланд, Индонезија, Бразил, Карипскиот регион и други подрачја каде што има документирана циркулација на вирусот Зика, предизвикани од каснувања од азиски тигрест комарец, реално постои можност за појава на нови импортирани случаи

„Според добиените епидемиолошките податоци на Одделението за вирусологија при ИЈЗ, заболеното лице во периодот од 20-28.05.2026 година престојувало на Малдиви. За време на престојот, пациентот потврдил дека бил каснат од комарец. Првите знаци на болеста се јавиле на 24.05.2026 година со треска, болки по телото-мускулите и зглобовите, лесно покачена температура, за подоцна по четири дена да се појави и ситен, густ осип. Пациентот бил прегледан, а направени се и лабораториски испитувања за денга, зика и чикунгуња во Одделението за вирусологија при ИЈЗ. Согласно резултатите од микробиолошкото испитување, добиен е позитивен серолошки и молекуларен наод за зика“, велат од ИЈЗ.

Пациентот не бил хоспитализиран, пратен на домашно лекување и во моментот е во добра општа состојба. Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) континуирано регистрира патнички асоцирани случаи на Зика кај лица кои се инфицирале за време на престој во ендемски подрачја. Постои можност за понатамошно пријавување на нови случаи во периодот на активност на комарците за лицата кои патуваат во зафатените региони и ризикот за овие лица се проценува како низок до среден. Ризикот за населението во земјата во моментов се оценува како низок.

Од ИЈЗ советуваат дека ризикот може значително да се намали со спроведување на препорачаните превентивни мерки за заштита од убоди од комарци и придржувањето кон препорачаните превентивните мерки и совети



Поврзани содржини

Филипче со земјоделци од Иванковци: Катастрофална состојба со откупот на пченица и јачмен

19 јуни 2026

Кривична за директор на градинка во Штип: Преку фиктивни фактури исплатени над 7,7 милиони денари

19 јуни 2026

Поранешниот прв човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски со уште две лица одат во 30-дневен притвор, за пет лица одреден куќен притвор

19 јуни 2026
НАЈНОВО

Филипче со земјоделци од Иванковци: Катастрофална состојба со откупот на пченица и јачмен

19 јуни 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

19 јуни 2026

Кривична за директор на градинка во Штип: Преку фиктивни фактури исплатени над 7,7 милиони денари

19 јуни 2026

Новиот директор на Лувр: Музејот е без енергија

19 јуни 2026

Поранешниот прв човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски со уште две лица одат во 30-дневен притвор, за пет лица одреден куќен притвор

19 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.