Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Трамп повторно во гневен филм: „Ако го затворите нема ни да се вратите во својата е***а држава“

21 јуни 2026

Коалицијата на СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судската и обвинителската служба

21 јуни 2026

Гневот на сточарите не може да се запре – најавуваат протест за 30 јуни

21 јуни 2026

Складовите за нафта на Крим горат, запрена е продажбата на бензин

21 јуни 2026

Избегал од болница и исчезнал, го бараат десетина роднини

21 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Филипче за нови избори: Гласање ќе има кога на владата ќе ѝ снема пари

Press OnlineBy Press Online21 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Опозициската СДСМ нема да го „предизвикува“ ВМРО-ДПМНЕ за да се оди на предвремени избори и нема да му дава алиби на премиерот за можната намера да се оди на гласање.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција рече дека изјавите на премиерот Христијан Мицкоски на оваа тема се контрадикторни – најавува дека тие владејачката партија сака редовни избори, но ќе бил за гласање пред рокот ако за тоа бидат предизвикани, иако не кажа од кого. Филипче го повтори ставот од пред неколку дена дека партијата нема да биде алиби за можните идни чекори на владејачкото мнозинство. Според Филипче, на избори ќе се оди кога на владата ќе ѝ снема пари.

„И кажавме – избори ќе има кога ќе им снема пари, затоа што тоа е концептот на нивното владеење. Кога ќе ги дотрошат сите пари за партиски тендери, тогаш ќе одат на избори. Нема да бара алиби, ниту ќе му дадеме ние како опозиција за предвремени избори“, рече Филипче одговорајќи на новинарски прашања.

Коментирајќи ја најавената реконструкција на владиниот кабинет, Филипче истакна дека граѓаните не треба да очекуваат никакви позитивни промени или економски мерки кои би го подобриле нивниот стандард: „Ќе се заменат некои луѓе, ќе си ги заменат фотелјите и сѐ ќе биде исто“.

Денешната прес-конференција беше посветена на двете години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, Знам и Вреди. Филипче оцени дека државата се наоѓа во економска стагнација, европска изолација и институционален распад, со речиси целосно неисполнување на ветувањата дадени пред граѓаните.

„Навршуваат точно две години од формирањето на владата на Христијан Мицкоски и после две години граѓаните не добија ни повисок стандард, ни поквалитетен живот, ниту подобри услови за живот, ниту пак пофункционални институции. Не ги добија ветувањата на Мицкоски и ВМРО пред изборите. Едноставно, граѓаните се излажани“, истакна Филипче.

Тој нагласи дека Македонија добила две години изгубено време, економски неуспех и назадување во речиси сите клучни области.

„Се изгубија две години во економски неуспех, во стагнација, во лажни ветувања, во национални понижувања, во влошени меѓуетнички односи, во влошување на односите со соседите, во време во кое младите само планираат како да се иселат од земјата“, рече Филипче.

Тој рече дека владата реализира само 10 проценти од Платформата 1198. „Деведесет отсто од ветувањата дадени пред две години не се исполнети. Практично ништо“, истакна тој.

Филипче оцени дека економските показатели се поразителни, а животниот стандард на граѓаните е значително влошен.

„Денеска, наместо зголемен животен стандард, стандардот е намален во споредба од пред две години. Граѓаните живеат полошо и потешко, паричниците и фрижидерите се попразни“, рече Филипче, додавајќи дека сиромаштијата е зголемена за 22 проценти, инфлацијата е речиси двојно повисока од ветената, а странските инвестиции се намалени за речиси две третини.

Во однос на европската перспектива, претседателот на СДСМ рече дека државата е целосно заглавена и изолирана.

„Европскиот пат е целосно заглавен. Христијан Мицкоски ја води земјата во изолација. Регионот оди напред, а тој излегува и кажува: нема да се помрднеме ни чекор“, нагласи Филипче.

„Нема никакви реформи, има закони кои се носат во Собранието, кои не се по препораките  на Европската унија и Европа ги враќа назад. Нормално, тие луѓе не се наивни“, рече Филипче.

Според него, „имаме двајца премиери Мицкоски. Едниот лаже, другиот ги правда лагите. Со оваа влада, со овој премиер, единствено каде што државата оди е пропаст“.

Ако нема пари за граѓаните, ако нема развојни проекти, каде завршија 2,5 милијарди евра нови задолжувања, праша лидерот на опозицијата.

„Се поставува прашањето, ако нема пари за граѓаните, ако нема развојни проекти, каде завршуваат парите? Каде завршуваат парите од зголемувањето на јавниот долг, од 2,5 милијарди евра, од 8,5 милиајрди евра на речиси 11 милијарди евра, кога граѓаните не гледаат  никаков бенефит. Нормално парите се таму каде што секој ден укажуваме, а тоа се партиските тендери“, рече Филипче.

Тој нагласи дека зад овие нови задолжувања не стојат капитални инвестиции што би значеле подобри услови за живот, развој и напредок на државата.

„Нема капитални инвестиции, не се капитални инвестиции само патиштата. Капитални инвестиции се и болници, училишта, студентски домови, енергетски мрежи, ништо од тоа нема“, рече Филипче.



Поврзани содржини

Коалицијата на СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судската и обвинителската служба

21 јуни 2026

Гневот на сточарите не може да се запре – најавуваат протест за 30 јуни

21 јуни 2026

Избегал од болница и исчезнал, го бараат десетина роднини

21 јуни 2026
НАЈНОВО

Трамп повторно во гневен филм: „Ако го затворите нема ни да се вратите во својата е***а држава“

21 јуни 2026

Коалицијата на СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судската и обвинителската служба

21 јуни 2026

Гневот на сточарите не може да се запре – најавуваат протест за 30 јуни

21 јуни 2026

Складовите за нафта на Крим горат, запрена е продажбата на бензин

21 јуни 2026

Избегал од болница и исчезнал, го бараат десетина роднини

21 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.