Пуктоници го растурија попладневниот мир во Ченто, јавуваат исплашени граѓани. На видеото кое се шири на социјалните мрежи се слушаат истрели од пиштол, а според очевидците, претходела тепачка.
Додека едниот човек снима, другиот му вели: „Бегај, бегај“, а во позадина се слушаат извици и истрели од огнено оружје.
Од МВР нема потврда за настанот.
„До моментов нема пријава за пукање во Ченто“, рекоа од МВР за Инфомакс.

