Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Фани Каранфилова Панова- Премиерот праќа јасна порака дека и Устав и закон е неговата воља да владее апсолутистички

25 јуни 2026

„Венецуела ве бара!“ – страница за исчезнати лица по земјотресот, пријавени се 9.000 лица

25 јуни 2026

Славески: До 80 проценти од идните пензионери нема да можат да земаат ни минимална пензија

25 јуни 2026

Судење за „Пулс“: Дискотеката започнала да работи, иако не биле исполнети минималните технички услови за работа на објектот

25 јуни 2026

Нови податоци: Бројот на жртви по земјотресот во Венецуела се искачи на 164

25 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

СДСМ со анализа: Еве како лаже Мицкоски за субвенциите и за земјоделците

Press OnlineBy Press Online25 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email
Соопштение на СДСМ:



Прво, на 15 јуни 2026, Мицкоски ја дава следната изјава:

 ,,Ако се собере вкупниот број на исплатени субвенции од страна на владата на СДСМ и ДУИ во периодот 2021, 2022, и 2023 година како директни плаќања и поддршка на Програмата за рурален развој, тогаш ќе дојдеме до вкупна сума за три години помала од 14 милијарди денари. Оваа Влада, за две години, има исплатено околу 15 милијарди денари што значи една милијарда денари повеќе отколку што тие исплатија за три години. Тоа е вистината и ова се бројки – рече Мицкоскиʼʼ.

Оваа изјава ја има објавено и неговиот Трипуновски. (https://www.facebook.com/share/v/1bEfJFobRS/?mibextid=wwXIfr)

Која е вистината и фактите.

Еве ги податоците од ГОДИШНИТЕ ИЗВЕШТАИ на Платежната агенција, кои се јавно објавени:

📌 Во 2021 година, заклучно со 31.12.2021 година, за директни плаќања и рурален развој се исплатени 9 милијарди денари.

📌 Во 2022 година, заклучно со 31.12.2022 година, за директни плаќања и рурален развој се исплатени 7,1 милијарди денари.

📌 Во 2023 година, заклучно со 31.12.2023 година, за директни плаќања и рурален развој се исплатени 8,65 милијарди денари.

📌 Во 2024 година, заклучно со 31.12.2024 година, за директни плаќања и рурален развој се исплатени 9,1 милијарди денари, од кои 5 милијарди денари се исплатени во време на Владата предводена од СДСМ до јуни 2024 година а 4 милијарди по формирањето на Владата на ВМРО до крајот на годината.

📌 Во 2025 година, заклучно со 31.12.2025 година, за директни плаќања и рурален развој се исплатени 6,5 милијарди денари.

📌 Во 2026 година, до овој момент, вклучително и субвенциите за тутунот кои беа исплатени со повеќемесечно доцнење, се исплатени околу 4,5 милијарди денари.

Ова значи дека од 2021 година до крајот на мандатот на Владата предводена од СДСМ се исплатени 30 милијарди денари (29,7 милијарди денари) а не 14 како што кажал премиерот, додека од почетокот на мандатот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ до денес се исплатени околу 15 милијарди денари.

Денеска, само неколку дена подоцна на седница на пратенички прашања кажува Мицкоски вели,, Ако се земат двете најуспесшни години на СДСМ во земјоделие во 2021 и 2023 вкупно се исплатени 17 милијарди денари а сега во овие две години Владата на ВМРО исплатила вкупно 20 милијарди денариʼʼ.

Но ако се земат годишните извештаи на платежната агенција точните бројки се следни : Во 2021 и 2023 Владата на СДСМ исплатила точно вкупно 17,65 милијарди а Владата на ВМРО во овие две години заедно со последната исплата на тутунот е вкупно 15 милијарди денари, занчи помалку за 2,6 милијарди денари.

Значи за само неколку дена Мицкоски дава две изјави со бројки што воопшто не де точни.

Фактите потврдуваат, Мицкоски лаже!

 

Поврзани содржини

Фани Каранфилова Панова- Премиерот праќа јасна порака дека и Устав и закон е неговата воља да владее апсолутистички

25 јуни 2026

Славески: До 80 проценти од идните пензионери нема да можат да земаат ни минимална пензија

25 јуни 2026

Судење за „Пулс“: Дискотеката започнала да работи, иако не биле исполнети минималните технички услови за работа на објектот

25 јуни 2026
НАЈНОВО

Фани Каранфилова Панова- Премиерот праќа јасна порака дека и Устав и закон е неговата воља да владее апсолутистички

25 јуни 2026

„Венецуела ве бара!“ – страница за исчезнати лица по земјотресот, пријавени се 9.000 лица

25 јуни 2026

Славески: До 80 проценти од идните пензионери нема да можат да земаат ни минимална пензија

25 јуни 2026

Судење за „Пулс“: Дискотеката започнала да работи, иако не биле исполнети минималните технички услови за работа на објектот

25 јуни 2026

Нови податоци: Бројот на жртви по земјотресот во Венецуела се искачи на 164

25 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.