Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мицкоски: Се уште немаме владеење на правото, не сум задоволен од правосудството, очекувам расветлување на сите афери особено за СЈО

25 јуни 2026

(Видео) Вучиќ ги покажа српските роботи Милутин и Драгутин

25 јуни 2026

Фронтекс отвора нов команден центар за Шпанија и Португалија

25 јуни 2026

Мицкоски за реконструкцијата на Владата: По две години се менуваат приоритети кај коалиционите партнери, конечно сме консолидирани и подготвени да забрзаме

25 јуни 2026

Лукаревска до Јаневска: Колку наставници ќе бидат технолошки вишок со оптимизацијата во образованието?

25 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Лукаревска до Јаневска: Колку наставници ќе бидат технолошки вишок со оптимизацијата во образованието?

Press OnlineBy Press Online25 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната собраниска седница постави пратеничко прашање до министерката за образование и наука, Весна Јаневска, во врска со најавената оптимизација на образовниот систем и нејзините последици врз наставниот кадар и учениците.



Лукаревска оцени дека процесот се спроведува без доволна јавна дебата, со кратки рокови и бројни нејаснотии, што, според неа, предизвикува загриженост кај наставниците, родителите и стручната јавност.

„Ова е сериозен процес кој бара инклузивност, комуникација со јавноста и предвидливост, за да можат да бидат вклучени и слушнати сите засегнати страни од стручната фела. Неопходна е широка дебата“, истакна Лукаревска.

Таа посочи дека на општините им биле дадени само шест дена за да изготват анализи и да достават податоци врз основа на кои ќе се спроведува оптимизацијата, како и прераспределбата на наставниците како образовни асистенти.

Пратеничката побара од министерката да одговори колкава е реалната потреба од образовни асистенти на ниво на државата, колку наставници според проекциите ќе останат технолошки вишок и колку од нив ќе бидат прераспределени на позиции образовни асистенти.

„Што ќе се случи по една година, кога ќе истече периодот на прераспределување? Дали овие наставници ќе бидат вратени на наставни позиции или повторно ќе се соочат со неизвесност и страв за својата егзистенција?“, праша Лукаревска.

Таа нагласи дека наставниците не треба да се третираат како бројки во оптимизациска програма, туку како професионалци со долгогодишно искуство и семејства.

Лукаревска се осврна и на информациите дека во изминатиот период не се дозволувала трансформација на работниот однос на наставници кои работеле на определено време, иако ги исполнувале законските услови за вработување на неопределено време.

„Дали тоа значи дека на сите нив ќе им биде прекинат работниот ангажман?“, праша таа.

Во своето обраќање, пратеничката изрази загриженост и за влијанието што овие промени би можеле да го имаат врз учениците.

„Дали размисливте како овие прераспределувања ќе се одразат врз емоционалниот развој на децата? Учениците треба да бидат во центарот на образовниот систем“, истакна Лукаревска.

Таа побара јасен одговор од министерката дали зад најавената оптимизација стои сериозен и долгорочен план или, како што рече, станува збор за импровизација што ќе создаде нови проблеми наместо да ги реши постојните.



Поврзани содржини

Мицкоски: Се уште немаме владеење на правото, не сум задоволен од правосудството, очекувам расветлување на сите афери особено за СЈО

25 јуни 2026

Мицкоски за реконструкцијата на Владата: По две години се менуваат приоритети кај коалиционите партнери, конечно сме консолидирани и подготвени да забрзаме

25 јуни 2026

„Анима Мунди“: Молкот на ЗОО Скопје за бегството на бели волци отвора сериозни прашања за безбедноста на животните

25 јуни 2026
НАЈНОВО

Мицкоски: Се уште немаме владеење на правото, не сум задоволен од правосудството, очекувам расветлување на сите афери особено за СЈО

25 јуни 2026

(Видео) Вучиќ ги покажа српските роботи Милутин и Драгутин

25 јуни 2026

Фронтекс отвора нов команден центар за Шпанија и Португалија

25 јуни 2026

Мицкоски за реконструкцијата на Владата: По две години се менуваат приоритети кај коалиционите партнери, конечно сме консолидирани и подготвени да забрзаме

25 јуни 2026

Лукаревска до Јаневска: Колку наставници ќе бидат технолошки вишок со оптимизацијата во образованието?

25 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.