Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Горат гуми кај обиколницата во Бутел, на терен се пожарникари

26 јуни 2026

Гебреисус: Горештините се закана по јавното здравје и имаат смртоносен потенцијал

26 јуни 2026

Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб – кој ќе ја надомести штетата?

26 јуни 2026

Филипче: Страста и мотивот кај мене е подобар живот за луѓето и иднина за државата

26 јуни 2026

Геофизичар за катастрофата во Венецуела: „Не е земјотресот тој што убива, туку лошите згради“

25 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Филипче: Нов Антикорупциски закон и соработка со Европското обвинителство за враќање на довербата во правосудството

Press OnlineBy Press Online25 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека враќањето на довербата во правосудниот систем ќе биде еден од клучните приоритети на новата програмска платформа на партијата, при што како една од главните мерки го посочи донесувањето нов Антикорупциски закон заснован на соработка со Европското обвинителство.



Во интервју за емисијата „Вин-Вин“ на Телма, Филипче истакна дека нарушената доверба на граѓаните во институциите и правосудството бара нови механизми.

-Затоа, предлагаме нов Антикорупциски закон кој што се темели на соработка со Европското обвинителство, рече Филипче.

Тој додаде дека довербата во правосудниот систем не може да се врати без нов механизам кој ќе обезбеди независност, кредибилитет и европски стандарди, потенцираше Филипче.

-Очигледно е дека довербата во правосудството, вака како што е, нема да се воспостави уште кој знае колку време. И мора да им понудиме систем во кој што ќе ја побараме нивната доверба и повторна поддршка. Ете тоа го нудиме. И тоа е еден сериозен дел во програмата, нагласи претседателот на СДСМ.

Филипче во интервјуто нагласи дека тој го направил првиот чекор за ставање на државниот интерес пред партиските разлики.

-Јас се обидов многу брутално и драматично да направам дисконтинуитет во таа култура на политичка демонизација која што овде трае, не е тоа од сега, туку со години. Јас отидов на состанок кај премиерот после пожарот во Кочани. Тогаш кога никако не му бев потребен, затоа што оваа власт сега има двотретинско мнозинство. Затоа што ние не можеме никако да ја блокираме работата во Собранието, со филибастеринг, така како што ВМРО го правеше тоа кога ние имавме многу тенко мнозинство, плус еден или двајца пратеници- рече Филипче.

Тој посочи дека неговата цел за тој состанок била да се забрзаат рефромските процеси, а со тоа и напредокот на државата кон европскиот пат.

Филипче додаде дека и покрај понудената рака од опозицијата, власта не одговорила ниту на законските предлози, ниту на сугестиите поврзани со реформските процеси и евроинтеграциите.

Според Филипче, Мицкоски нема одговор на ниту едно од суштинските прашања поврзани со проблемите со кои се соочува државата и граѓаните, и затоа, наместо решенија посегнува по закани и навреди, посочувајќи на прашањето што му го поставил на премиерот на денешната седница за пратенички прашања.

-Мицкоски не одговори на ниту едно прашање. Му наредив бројки кои што тој после во неговиот одговор ги манипулираше. И кога нема одговор на тоа, зошто ништо не направи добро за државата, не го подобрува квалитетот на живот, ја блокираше земјата, тој посегнува по такви закани. Ама тоа се многу сериозни закани- рече Филипче.

Според претседателот на СДСМ, недозволиво е премиер на една држава да комуницира со јавноста на начин што, како што вели, не доликува на демократски стандарди и политичка култура. Ваквиот начин на комуникација, вели, ги деградира политичките противници и ги омаловажува и граѓаните.



Поврзани содржини

Горат гуми кај обиколницата во Бутел, на терен се пожарникари

26 јуни 2026

Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб – кој ќе ја надомести штетата?

26 јуни 2026

Филипче: Страста и мотивот кај мене е подобар живот за луѓето и иднина за државата

26 јуни 2026
НАЈНОВО

Горат гуми кај обиколницата во Бутел, на терен се пожарникари

26 јуни 2026

Гебреисус: Горештините се закана по јавното здравје и имаат смртоносен потенцијал

26 јуни 2026

Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб – кој ќе ја надомести штетата?

26 јуни 2026

Филипче: Страста и мотивот кај мене е подобар живот за луѓето и иднина за државата

26 јуни 2026

Геофизичар за катастрофата во Венецуела: „Не е земјотресот тој што убива, туку лошите згради“

25 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.