Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

26 јуни 2026

Не постои доктрина наречена екстремизам

26 јуни 2026

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати

26 јуни 2026

Еден од тројца бездомници во Атина на улица живее пет или повеќе години

26 јуни 2026

Во притворите на американската ИЦЕ годинава починале 18 лица

26 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Лукаревска: Оптимизацијата на ВМРО носи неизвесност, страв и отпуштања за наставниците

Press OnlineBy Press Online26 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во собраниската расправа за измените на законите за основно образование оцени дека Владата наместо вистинска образовна реформа спроведува нетранспарентен процес кој создава страв, неизвесност и сериозни последици за наставниците, учениците и руралните средини кои ќе значат отпуштања од работа.

„Во вашата програма 1198 стоеше дека идната влада на ВМРО ќе креира национална образовна стратегија донесена со општ консензус која ќе ги вклучи сите чинители во образовниот и научниот процес… Овде нема ништо од ова коешто го ветувавте. Токму овој процес е направен без било каква инклузивност, без било каква дебата, размена на мислења, ставови, консултации со стручната фела.” рече Лукаревска.

Таа предупреди дека најавената оптимизација ќе донесе затворање на училишта, намалување на работните места и дополнително иселување од руралните средини.

„Кои се критиките коишто секојдневно стигнуваат од јавноста? Затворање или спојување на училишта, особено во руралните средини, намалување на работните места… Со ова ќе се намали и квалитетот на наставата и најбитно што е еден поразителен процес во нашата држава во моментов, а ќе се засили иселувањето и во иднина. Наместо технолошки вишок на наставниците, фокусот треба да ни биде модернизација, дигитализација и подобрување на квалитетот на наставата… Ќе се сведеме со поделба на наставниците на подобни и на неподобни, на заслужни и на незаслужни. Ќе решаваме човечки судбини, ќе правиме лото.” рече Лукаревска.

Како пример за контрадикторностите на Владата, Лукаревска посочи дека во исто време се најавува затворање паралелки, а се градат нови училишта.

„Во Општина Струмица се најавува прва фаза на оптимизација или во превод затворање на паралелки, намалување на број на часови и огромна неизвесност кај наставниците… Другата реалност е дека се најавува ново училиште во Карпош. Ако има потреба од оваа непопуларна реформа, бидејќи нема доволно ученици и има вишок наставнички кадар, зошто тогаш се отвора и ново училиште?” додаде таа.

Таа предупреди дека едногодишниот период на прераспределување создава огромен страв кај наставниот кадар.



Поврзани содржини

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

26 јуни 2026

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати

26 јуни 2026

Мал проблем е што овој од Пампорово сега има каде да се жали, откако оној од Паљури го смени името за Македонија да влезе во НАТО.

26 јуни 2026
НАЈНОВО

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

26 јуни 2026

Не постои доктрина наречена екстремизам

26 јуни 2026

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати

26 јуни 2026

Еден од тројца бездомници во Атина на улица живее пет или повеќе години

26 јуни 2026

Во притворите на американската ИЦЕ годинава починале 18 лица

26 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.