По информацијата дека се запалени две возила, од кои едно во сопственост на скопскиот адвокат Асмир Алиспахиќ, од МВР потврдуваат дека настанот се случил завчера после полноќ.
-На 25.06.2026 година во СВР Скопје е пријавено дека околу 02:20 часот на подрачје на Бутел има опожарени две возила ,,пасат” со скопски регистарски ознаки сопственост на А.А.(42) од Скопје и „мерцедес” со велешки регистарски ознаки сопственост на М.М.(37) од Скопје.
Увид извршила увидна екипа на СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот, велат од МВРАдвокатот Алиспахиќ изјави дека немал недоразбирања и не се сомнева во никој.
– За жал информацијата е точна. Верувам во институциите и нивното професионално постапување. Заради истрагата не можам ништо да кажам,за било што обратете во МВР. Со никого немам било какви недоразбирања, не се сомневам во никого, мотивот и причината за мене се непознати, изјави Алиспахиќ за „Фокус”.
Алиспахиќ е адвокат со долгогодишно искуство, кој застапува обвинети во голем број случаи, од кои дел биле од голем интерес за јавноста

