Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Гостиварец плати 1.200 евра за да добие возачка дозвола без полагање – остана без пари

27 јуни 2026

(Видео) Топлинскиот бран предизвика хаос: Французите се тепаат за вентилатори

27 јуни 2026

Силен земјотрес го погоди Авганистан

27 јуни 2026

Пилот загина – 13 лица повредени откако мал авион удри во облакодер во Пекинг

27 јуни 2026

Суспендиран ЕЕС системот на „Евзони“ за да поминат Србите

27 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

„И Кошта ги пофали резултатите од работата на министрите на ЗНАМ “-Максо не дава нивна реконструкција но сепак не исклучува компромис ако е морално

Press OnlineBy Press Online27 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

До вторник сè ќе се знае, тогаш ќе го имаме конечниот епилог. Многу идеи и опции се на маса, изјави денеска претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски во врска со најавената владина реконструкција. Тој оцени дека ЗНАМ, иако е нов политички субјект, дава значаен придонес во работата на Владата преку двата ресора со кои раководи, како и преку своите претставници во пониските ешалони на власта.



Одговорајќи на новинарско прашање какви понуди добило ЗНАМ и дали можеби би се согласило на замена на кадрите во министерствата со кои раководи, Димитриевски рече дека има многу предлози и размислувања, индивидуални и партиски.

Според него, кога се разговара во политиката, сите опции се на маса. Димитриевски повтори и дека треба да се почека да се случи конечниот договор.

-Ние како владини партнери, а слушам и ВЛЕН исто така, како третиот партнер во власта, сè уште немаме постигнато конечен договор. Јас можам да говорам исклучиво во името на ЗНАМ, неговите членови, поддржувачи и сите негови кадри – истакна Димитриевски.

​На прашањето, дали е прифатлива размената на ресорите земјоделство со правда, Димитриевски одговори дека сè уште нема такви предлози на маса и дека не би сакал да шпекулира.

​-ЗНАМ како нов политички субјект, којшто активно партиципира во оваа власт и ја има усогласено владината програма на којашто работи во рамките и на двете министерства, но и во пониските ешалони на власта, дава сериозен придонес оваа Влада да работи квалитетно и просперитетно и перспективно. Факт е дека оваа Влада, работите првенствено ги враќа на позитивна нула, а потоа ги придвижува напред. Затекнавме многу лоша состојба во државата од сите аспекти и факт е дека мора да санираме, а потоа и да продолжиме – нагласи Димитриевски.

Притоа додаде дека резултатите во двете ресорни министерства каде што работат кадрите на ЗНАМ, се, видливи.

– Тоа впрочем го потврди и господинот Кошта како висок претставник на Европската Унија, којшто на неговиот брифинг токму со вас укажа дека и тоа како се забележливи резултатите на нашите министри. Но, како и да е, сепак политиката е компромис, разговори, договарање. Ние сме соочени со реконструкција на Владата и првенствено, сите активности во тој дел се менаџирани од страна на премиерот и мандатарот, којшто има апсолутно свое право да посочи, укаже, да направи одредени комбинаторики во делот на распределбата на власта помеѓу владините партнери, а наше е дали ќе се согласиме со тоа или не – нагласи Димитриевски.

ЗНАМ е секогаш подготвен, во интерес на поголем просперитет на државата и подобра благосостојба на граѓаните, да дава поддршка на Владата и владината програма, не водејќи се притоа од клиентелистички пристап да инсталира свои кадри во власта.

– Но, од друга страна, секогаш е потребно да преземете дел и од одговорноста во власта. И едно можам со сигурност да потврдам – дека по оваа владина реконструкција, ЗНАМ ќе биде посилен и кадровски и со потенцијал и во дел на располагање на директна имплементација на власта во ресорни министерства и пониски ешалони на власта. Ги отфрлам сите шпекулации што доаѓаат првенствено од портали што се директно брифирани и за жал, некои од нив служат како апологети на опозицијата, којашто нè донесе во една тешка ваква социо-економска состојба во државата, а исто така и граѓаните. И велам – ајде да почекаме и да го видиме конечниот епилог – порача тој.

Поврзани содржини

Гостиварец плати 1.200 евра за да добие возачка дозвола без полагање – остана без пари

27 јуни 2026

Силен земјотрес го погоди Авганистан

27 јуни 2026

Пилот загина – 13 лица повредени откако мал авион удри во облакодер во Пекинг

27 јуни 2026
НАЈНОВО

Гостиварец плати 1.200 евра за да добие возачка дозвола без полагање – остана без пари

27 јуни 2026

(Видео) Топлинскиот бран предизвика хаос: Французите се тепаат за вентилатори

27 јуни 2026

Силен земјотрес го погоди Авганистан

27 јуни 2026

Пилот загина – 13 лица повредени откако мал авион удри во облакодер во Пекинг

27 јуни 2026

Суспендиран ЕЕС системот на „Евзони“ за да поминат Србите

27 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.