Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Младеновска: Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

28 јуни 2026

До вторник сончево и топло, потоа променливо облачно со повремени врнежи од дожд

28 јуни 2026

Украина нападна руски рафинерии за нафта во текот на ноќта

28 јуни 2026

Стружанка ги оставила своите деца да спијат во кола додека била на работа

28 јуни 2026

Единаесетгодишно дете извлечено од урнатините три дена по земјотресите во Венецуела

28 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

ВМРО-ДПМНЕ: Минимум што може СДС да направи како опозиција е да ги поддржи законите од Реформската агенда, а не да прави опструкции

Press OnlineBy Press Online28 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

СДС постојано зборува за европски вредности, но кога ќе дојде време да покаже нешто на дело, ги нема никаде. Не е проблем ако опозицијата има различно мислење, туку тоа што од СДС цело време зборуваат за тие европски вредности и за реформи, а кога ќе дојде време да гласаат за законските решенија во Собранието не гласаат. Не гласаа за ниту едно законско решение, ниту во 2024, ниту во 2025 година, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, кое МИА го објавува интегрално.



Притоа, избегаа од работната група за Изборниот законик, а таа работна група не спроведува никаква партиска агенда, туку има задача да ги имплементира препораките на ОБСЕ и ОДИХР, стандарди кои самата ЕУ ги бара и стандарди за кои од СДС велат дека ги сакаат, па сепак бегаат.

Што точно претставува европскиот пат за СДС? Имаат ли некоја идеја поинаква од онаа што самата ЕУ ја има?

Не е важно дали се во опозиција или се на власт, луѓе кои и сакаат добро на државата и на граѓаните би ги поддржале законите кои се во нивен интерес. Тоа е минимумот што треба една опозиција да го направи покрај нејзината конструктивност. СДС не го исполнува ниту тој минимум.

Неделава беа дополнети Предлог-законот за судска служба, Предлог-законот за јавнообвинителска служба и Предлог-законот за користење на енергија од обновливи извори, а усвоени беа Предлог-законот за високи раководители, како и Предлог-законот за оружје.

Македонија и годинава ќе биде прва во регионот затоа што повторно ќе ги испорача обврските кои и се зададени и ќе ги донесе законите што се дел од Реформската агенда.

Доколку СДС продолжи со политиката на здружување со ДУИ и од опозиција се обиде преку опструкции да го забавува реформскиот процес, ВМРО-ДПМНЕ нема да се води од дневнополитички пресметки. Наш приоритет останува исполнувањето на реформската агенда и донесувањето на сите неопходни законски решенија во предвидениот рок.



Поврзани содржини

Младеновска: Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

28 јуни 2026

До вторник сончево и топло, потоа променливо облачно со повремени врнежи од дожд

28 јуни 2026

Стружанка ги оставила своите деца да спијат во кола додека била на работа

28 јуни 2026
НАЈНОВО

Младеновска: Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

28 јуни 2026

До вторник сончево и топло, потоа променливо облачно со повремени врнежи од дожд

28 јуни 2026

Украина нападна руски рафинерии за нафта во текот на ноќта

28 јуни 2026

Стружанка ги оставила своите деца да спијат во кола додека била на работа

28 јуни 2026

Единаесетгодишно дете извлечено од урнатините три дена по земјотресите во Венецуела

28 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.