Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Иран ги нападнал Кувајт и Бахреин со ракети и беспилотни летала

29 јуни 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

28 јуни 2026

Пилот и 10 патници загинаа при пад на авион во Франција, половината медицински лица

28 јуни 2026

Мицкоски: Македонија има потреба од самодоверба, доста бевме македончиња, треба да бидеме Македонци!

28 јуни 2026

Почина познатиот македонски поп пејач и музичар Владо Јаневски

28 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Мицкоски: Македонија има потреба од самодоверба, доста бевме македончиња, треба да бидеме Македонци!

Press OnlineBy Press Online28 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва имаше обраќање по повод 105-годишнината од убиството на Ѓорче Петров.



-Постојат личности кои се раѓаат во едно време, живеат во едно време но припаѓаат на сите времиња. Постојат луѓе чии дела не завршува со нивниот живот туку продолжува да биде патоказ на генерациите што доаѓаат. Токму таков човек беше Ѓорче Петров, револуционер, идеолог, организатор, учител, публицист и еден од најзначајните творци на македонската национална мисла, од крајот на 19 век и почетокот на 20 век.

–

Денес кога оддаваме почит на неговиот лик и дело не се поклонуваме само пред човек кој го гради својот живот во темелите на историската ВМРО туку и пред една идеја која останува жива повеќе од еден век, идејата дека Македонија има право на своја иднина, дека македонскиот народ има право на достоинство, дека слободата има цена, а таа цена секогаш ја плаќаат најхрабрите, најчесните и најпосветените луѓе на своето време.

Историјата има вредност само тогаш кога знаеме да ги препознаеме поуките што ни ги остава. Ако денес зборуваме само за минатото, а не научиме ништо за иднината, тогаш не сме ја исполниле нашата должност кон оние што ја создавале оваа држава.

Нашата генерација нема задача да создава револуционерни организации и да води ослободителни борби како неговата генерација. Нашата задача е да изградиме држава која ќе биде достојна за нивната жртва. Да изградиме Македонија во која младите ќе сакаат да останат. Македонија во која ќе се отвораат нови фабрики, ќе се градат нови патишта, железници, училишта и болници. Македонија во која институциите ќе бидат силни, правдата ќе биде еднаква за сите, а успехот ќе зависи од трудот, а не од привилегираните.

Токму затоа нашата борба денес е борба за развој. Борба за силна економија, за нови инвестиции, за подобри плати, за модерно образование, за здравство што ќе биде достапно и квалитетно, за владеење на правото, против корупцијата борба. Борба за Македонија која ќе биде држава на можности, а не држава на изгубени шанси. Тоа е современиот патриотизам, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Тој во својот говор додаде:

,,Неговиот живот не потсетува дека Македонија секогаш била најсилна кога Македонците биле обединети околу своите национални интереси. Историјата ни покажува дека секоја поделба ја чинела оваа земја многу, а секое обединување носело нова сила и надеж. Затоа денес повеќе од кога било имаме обврска да разговараме повеќе, да се почитуваме повеќе и кога станува збор за националните интереси да покажеме зрелост, достоинство и чувство за заедничка одговорност. Македонија има потреба од самодоверба, доста бевме македончиња, треба да бидеме Македонци. Има потреба од народ што верува во своите способности. Има потреба од институции што работат, економија што создава вредност, образование што создава знаење а не просечност. Тоа е суштината на делото на Ѓорче Петров – да се сака Македонија доволно силно за секој ден да се работи на нејзиниот напредок, да се биде мудар и чесен, истраен кога изгледа дека целта е далеку, рече премиерот.



Поврзани содржини

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

28 јуни 2026

Почина познатиот македонски поп пејач и музичар Владо Јаневски

28 јуни 2026

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК

28 јуни 2026
НАЈНОВО

Иран ги нападнал Кувајт и Бахреин со ракети и беспилотни летала

29 јуни 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

28 јуни 2026

Пилот и 10 патници загинаа при пад на авион во Франција, половината медицински лица

28 јуни 2026

Мицкоски: Македонија има потреба од самодоверба, доста бевме македончиња, треба да бидеме Македонци!

28 јуни 2026

Почина познатиот македонски поп пејач и музичар Владо Јаневски

28 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.