Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мицкоски за Изборниот законик: Подготвени сме да прифатиме две од трите барања на СДСМ, барањата на Левица се прифатени

30 јуни 2026

Трамп прогласи национална вонредна состојба за да обезбеди доволно ѓубриво

30 јуни 2026

Меџити: Се отвора патот за реализација на третата фаза од плоштадот „Скендербег“

30 јуни 2026

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги добива здравство и социјална политика, демографија и млади, Вреди – култура, односи меѓу заедниците и правда, ЗНАМ – земјоделство

30 јуни 2026

Колку заработуваат возачите на камиони кои се согласуваат да шверцуваат за организирани криминални групи

30 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Во гасењето на големиот пожарот кај Велес попладнево вклучен воздухоплов на ДЗС

Press OnlineBy Press Online30 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Попладнево околу 16 часот воздухолов ер-трактор на Дирекцијата за заштита и спасување се вкучи во гасењето на големиот пожар кој денеска околу 10:40 часот избувна на раскрсницата на експресниот пат Велес – Штип, десно под Градската депонија и кој потоа се распламти и зафати голема територија со повеќе краци на ширење. Пожарот се уште гори и покрај брзата и непрекината интервенција на пожарникарите со неколку екипи од Територијалната противпожарна единица од Велес заедно со екипи на ЈКП „Дервен“ кои им помагаат на пожарникарите, информира за МИА директорот на ДЗС Стојанче Ангелов. Како што посочи, испраќањето на воздухопловот на терен било во координација со Центарот за управување со кризи.

Инаку, пожарот има зафатено поголема површина со ширење во неколку правци. Огнот со еден крак тргнал кон место викано Саботна Вода од каде се префрлил и на место викано Трите Дола, а во моментов е многу близу и до место викано Цариер, а еден крак е и кон село Караслари.

Опожарена до овој момент е голема површина на сува трева, на лозја, на дрвја од овоштарници, а настрадале и пчелни сандаци, додека од чадот не може да се види во каква состојба се изградените викендици, куќи и помошни објекти.

Од Јавно комунално претпријатие „Дервен“ информираат дека нивни вработени им помагаат на пожарникарите во гаснењето на пожарот што зафати област со ниска вегетација во близина на градската депонија и обезбедена е цистерна за дотур на вода за гаснење на пожарот. Воедно тие го зголемиле е и бројот на вработени на градската депонија со цел да се спречи пожарот да се префрли на самата депонија.

И покрај надвиснатите облаци над овој реон се уште не врне. Во моментов воздухопловот ер-трактор на ДЗС надлетува на целиот терен и го гасне пожарот.



Поврзани содржини

Мицкоски за Изборниот законик: Подготвени сме да прифатиме две од трите барања на СДСМ, барањата на Левица се прифатени

30 јуни 2026

Меџити: Се отвора патот за реализација на третата фаза од плоштадот „Скендербег“

30 јуни 2026

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги добива здравство и социјална политика, демографија и млади, Вреди – култура, односи меѓу заедниците и правда, ЗНАМ – земјоделство

30 јуни 2026
НАЈНОВО

Мицкоски за Изборниот законик: Подготвени сме да прифатиме две од трите барања на СДСМ, барањата на Левица се прифатени

30 јуни 2026

Трамп прогласи национална вонредна состојба за да обезбеди доволно ѓубриво

30 јуни 2026

Меџити: Се отвора патот за реализација на третата фаза од плоштадот „Скендербег“

30 јуни 2026

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги добива здравство и социјална политика, демографија и млади, Вреди – култура, односи меѓу заедниците и правда, ЗНАМ – земјоделство

30 јуни 2026

Колку заработуваат возачите на камиони кои се согласуваат да шверцуваат за организирани криминални групи

30 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.