Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Кризен штаб на Бутел на терен: Во тек е справување со последиците од невремето

30 јуни 2026

Топлотниот бран е само „генерална проба“ за летата што претстојат, вели директорот на СЗО за Европа

30 јуни 2026

Марија Митева е нова претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов веќе не е лидер на младите сили

30 јуни 2026

СДСМ: Кога нема резултати, се бркаат политички противници

30 јуни 2026

Индија се соочува со историска суша

30 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Мицкоски за спорот со Бугарија: Додека јас сум премиер ќе ги штитам македонските национални интереси и интересите на сите наши граѓани

Press OnlineBy Press Online30 јуни 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Изминативе повеќе од 20 години откако се стекнавме со статусот кандидат, ние направивме толку многу, како ниту една земја којашто станала членка на Европската Унија или којашто пледира да биде дел од ЕУ, во делот на идентитетот, а во делот на суштинските реформи не сакам да дискутирам бидејќи мислам дека сме многу понапред и од одредени членки на самата Европска Унија, но кога станува збор за идентитетските реформи направивме толку многу што за нас, не за мене лично или како Влада туку генерално како граѓани на државата, би претставувало дополнителна фрустрација и понижување, изјави вечерва претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Телма.

-Доколку не добиеме јасен план дека ова е последно и дека од тој момент па натаму ќе важи принципот на испорака merit-based и нема повеќе да има идентитетски и билатерални барања и нема да има дополнителни препреки на тој пат, односно ќе се водиме само по Копенхагеншките критериуми, ние сме подготвени да работиме колку што е потребно за да не придонесеме со дополни фрустрација кај македонските граѓани – рече Мицкоски.

Посочи дека програмата која ја застапувал на изборите има добиено мнозинска поддршка и истата ја реализира сè додека ја има поддршката од мнозинството граѓани.

-Сè додека ја извршувам оваа позиција како претседател на Влада на сите граѓани, ќе се трудам да ги штитам бескомпромисно македонските национални интереси, бидејќи ценам дека сите граѓани од сите етнички заедници и сите политички определени и неопределени во државата, доволно направија во име на евроинтегративните процеси, во име на идентитетските отстапки и заслужуваат многу повеќе, дури и од некои земји-членки да бидат дел од масата во Брисел. Исто заслужуваат подобар и пофер третман, дури и од некои земјите-членки коишто се на масата во Брисел. И тоа е она коешто јас како заклетва сум го кажал пред граѓаните, дека ќе го штитам и бранам Уставот. Јас го штитам и бранам Уставот и со ништо нема да придонесам за тој Устав повторно биде понижен и омаловажен, а без притоа да обезбедам јасна, сигурна и предвидлива иднина на граѓаните – потенцираше премиерот Мицкоски.

Тој истакна дека во моментов Македонија бележи подобри резултати од некои земји-членки на Унијата и лично верува дека државата има капацитет, кадар и ресурси за уште поголеми успеси.

– Ако ги споредиме бројките ќе видиме дека во овој момент економските перформанси во последните две години се многу подобри на Македонија, отколку на некои земји членки на ЕУ – посочи Мицкоски.

Додаде дека тој не е „толку безнадежен“ и верува во македонскиот потенцијал.

– Ќе споделам со вас еден податок за кој вчера бев брифиран од МВР, за прв пат после долго време во 2026 година до сега имаме повеќе барања за поврат на македонското државјанство, отколку барања за отпис од македонското државјанство. Некаде околу 672 барања се за поврат во македонско државјанство, а некаде околу 318 се за отпис. Ова е прва година после не знам колку време кога тоа да се случува. Дали тоа е случајно јас не би можел тоа да го кажам, но јас верувам во македонскиот народ, верувам во македонските граѓани, верувам во потенцијалот. Јас сум професор на универзитет, знам каков потенцијал сум образувал, знам со каков потенцијал располагаме и тоа коешто исто така го знам е дека можеме многу повеќе и покрај тоа што има и такви сили коишто не сакаат оваа држава да успее и шират дефетизам – рече Мицкоски.



Поврзани содржини

Кризен штаб на Бутел на терен: Во тек е справување со последиците од невремето

30 јуни 2026

Марија Митева е нова претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов веќе не е лидер на младите сили

30 јуни 2026

СДСМ: Кога нема резултати, се бркаат политички противници

30 јуни 2026
НАЈНОВО

Кризен штаб на Бутел на терен: Во тек е справување со последиците од невремето

30 јуни 2026

Топлотниот бран е само „генерална проба“ за летата што претстојат, вели директорот на СЗО за Европа

30 јуни 2026

Марија Митева е нова претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов веќе не е лидер на младите сили

30 јуни 2026

СДСМ: Кога нема резултати, се бркаат политички противници

30 јуни 2026

Индија се соочува со историска суша

30 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.