Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Етна исфрла многу пепел, затворен дел од воздушниот сообраќај на Сицилија

5 јули 2026

Советник на Меланија Трамп: Таа сака да биде застапник и предводник на жртвите на Епштајн

5 јули 2026

Јахтата на Путин бега кон Арктикот

5 јули 2026

Пукање во Њујорк. Ранети осум лица, меѓу кои четири деца

5 јули 2026

Турција продолжува со апсења низ земјата пред самитот на НАТО

5 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Турција продолжува со апсења низ земјата пред самитот на НАТО

Press OnlineBy Press Online5 јули 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Истанбул – Турските власти приведоа неколку лица, вклучувајќи новинари, академици и членови на левичарски групи, во рации низ неколку провинции, објавија денеска локалните медиуми и синдикати, додека владата ги засилува безбедносните операции пред самитот на НАТО што оваа недела ќе се одржи во Анкара, јавува ДПА.

Рациите во Анкара, Истанбул и неколку други провинции беа насочени кон левичарските и социјалистичките партии, синдикатите и групите на граѓанското општество, објавија опозициската телевизија Халк ТВ и весникот Џумхуриет (Република).

Меѓу приведените се двајца уредници од новинските портали Т24 и Ода ТВ, кои се критички настроени кон владата.

Турското здружение на новинари (TGC) и Здружението на прогресивни адвокати (CHD) побараа на Икс ослободување на приведените, велејќи дека апсењата ја нарушуваат слободата на печатот и нарекувајќи ги рациите обид за заплашување на опозициските гласови пред состанокот на НАТО.

Државната агенција Анадолија денеска објави дека полицијата привела 39 осомничени лица во рации низ осум провинции, насочени кон младинското крило на забранетата левичарска група THKP/C-DEV YOL.

Во посебна операција во западната провинција Коџаели, полицијата привела 28 осомничени лица за кои се тврди дека се поврзани со екстремисти на Исламска држава и левичарски милитантни групи, објави Анадолија. Властите во рациите заплениле муниција и забранети дигитални материјали, се додава во извештајот.

Рациите следеа по неколку други апсења во текот на изминатата недела, потсетува ДПА.

Критичарите наведуваат дека операциите имаат за цел да спречат протести и да го потиснат несогласувањето пред самитот на НАТО, додека властите ги опишуваат како дел од истрагите за борба против тероризмот.

Поврзани содржини

Пожарот кај Солун сè уште беснее, евакуирани жители и уапсен 76-годишник

5 јули 2026

Во Грција ќе пристигнат 245 пожарникари од четири земји за да помогнат во справувањето со пожарите

3 јули 2026

Радев стана Орбан, ќе ги блокира санкциите на ЕУ за Русија

3 јули 2026
НАЈНОВО

Етна исфрла многу пепел, затворен дел од воздушниот сообраќај на Сицилија

5 јули 2026

Советник на Меланија Трамп: Таа сака да биде застапник и предводник на жртвите на Епштајн

5 јули 2026

Јахтата на Путин бега кон Арктикот

5 јули 2026

Пукање во Њујорк. Ранети осум лица, меѓу кои четири деца

5 јули 2026

Турција продолжува со апсења низ земјата пред самитот на НАТО

5 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.