Дамаск – Франција и Сирија се договорија повторно да именуваат амбасадори, што претставува обнова на дипломатските односи по повеќе од една деценија.
Именувањето на амбасадори беше најавена на заедничката прес-конференција во Дамаск на претседателот на Сирија, Ахмад ал Шара и францускиот претседател Емануел Макрон.
– Нашиот состанок претставува историска пресвртница, посочи ал Шара.
Макрон наведе дека двата бомбашки напади во Дамаск за време на неговата посета таму не треба да ја дестабилизираат Сирија. Тој додаде дека сириските власти мора да бидат бескомпромисни за безбедноста.
Сириската новинска агенција (САНА) објави дека Сирија и Франција потпишале низа договори за соработка и меморандуми за разбирање во областа на инвестициите, инфраструктурата, сообраќајот, здравството, банкарството и институционалниот развој.
Додека министрите за надворешни работи на Сирија и на Франција, Асад Хасан ал Шабани и Жан-Ноел Баро потпишаа Рамковна декларација за сеопфатна соработка, со која се зајакнуваат билатералните односи.

