Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Кос, Јаневска и Сали во увид на реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“

8 јули 2026

СЗО предупреди дека случаите на рак на глобално ниво би можеле речиси да се удвојат до 2050 година

8 јули 2026

Јанев во Охрид го пречека генералниот секретар на Интерпол Уркиза

8 јули 2026

Трамп ги помеша Иран и „Исламска Република Јапонија“

8 јули 2026

Четири лица се обвинети за стечајот на Еуростандард банка

8 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Четири лица се обвинети за стечајот на Еуростандард банка

Press OnlineBy Press Online8 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе обвинителен акт против три лица, кои се товарат дека сториле по едно кривично дело – предизвикување стечај на банка од член 181 став 1 од Кривичниот законик, како и обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик, соопштија попладнево од Јавното обвинителство.

„Според обвинителниот акт, првообвинетиот како претседател на Управниот одбор и член на Кредитниот одбор, второобвинетиот како претседател на Кредитниот одбор и третообвинетиот како претседател на Одборот за управување со ризици и член на Управниот одбор, во периодот од 2013 до втората половина на 2019 година, постапувале спротивно на одредбите од Законот за банките и интерните акти на банката. Со одобрување кредити на кредитно неспособни и поврзани правни лица, без соодветни анализи и обезбедување, со прикривање на реалната финансиска состојба и ризиците, како и со неточно известување до Народната банка, придонеле за значително влошување на финансиската состојба на „Еуростандард банка“ АД – Скопје. Со ваквото постапување придонеле банката да биде доведена во стечај, а доверителите да бидат оштетени во износ од 1,6 милијарди денари“, пишува во соопштението.

Според обвинителниот предлог, четвртообвинетиот, во својство на претседател на Надзорниот одбор на Еуростандард банка, во периодот од 2013 до 2019 година, со несовесно вршење на своите овластувања и пропуштање на должен надзор, постапувал спротивно на обврските утврдени со Законот за банките.

„Со тоа овозможил одобрување на нефункционални кредити, преземање прекумерни кредитни ризици, неточно прикажување на финансиската состојба на банката и непочитување на законските и интерните процедури при кредитирањето, со што придонел за создавање видлива несолвентност, намалување на сопствените средства на банката и нејзино доведување во стечај по сила на закон“, се додава во соопштението.

Според Обвинителството, првообвинет е Николчо Петковски, второобвинет е Коста Костовски, син на Трифун Костовски, третообвинет е Зоран Николовски, додека четвртообвинет е Трифун Костовски.

Поврзани содржини

Кос, Јаневска и Сали во увид на реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“

8 јули 2026

Јанев во Охрид го пречека генералниот секретар на Интерпол Уркиза

8 јули 2026

ЈП „Лајка“ почнува кампања за удомување на кучињата кои со години чекаат дом

8 јули 2026
НАЈНОВО

Кос, Јаневска и Сали во увид на реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“

8 јули 2026

СЗО предупреди дека случаите на рак на глобално ниво би можеле речиси да се удвојат до 2050 година

8 јули 2026

Јанев во Охрид го пречека генералниот секретар на Интерпол Уркиза

8 јули 2026

Трамп ги помеша Иран и „Исламска Република Јапонија“

8 јули 2026

Четири лица се обвинети за стечајот на Еуростандард банка

8 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.