Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Франција и Германија против САД: Запна договорот за нов висок претставник во БиХ

9 јули 2026

На Инфективна e хоспитализиран пациент заразен со маларија

9 јули 2026

Девет земји бараат од Брисел да го ублажи воведувањето на новите гранични проверки

9 јули 2026

Почина д-р Денко Скаловски, редовен професор во пензија

9 јули 2026

„Вино на штикли“ повторно ќе ги обедини виното, гастрономијата и музиката во Скопје

9 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Бројот жртви во земјотресите во Венецуела достигна речиси четири илјади

Press OnlineBy Press Online9 јули 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Каракас – Бројот загинати во двата разорни земјотреса што ја потресоа Венецуела на 24 јуни се искачи на 3.811, додека 16.740 лица се повредени, а 17.907 луѓе останале без покрив над главата, соопшти денеска претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез.

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, повторно повика на укинување на меѓународните санкции и ослободување на замрзнатите државни средства во странство, со цел забрзување на обновата на подрачјата погодени од земјотресите.

„Венецуела има блокирани ресурси низ целиот свет што можат да бидат искористени за процесот на реконструкција“, изјави Родригез за државната телевизија, додавајќи дека средствата се потребни и за програми за вработување и образование.

Соединетите Американски Држави, Европската Унија и други земји во текот на изминатите две децении воведоа низа санкции кон Венецуела поради обвинувања за нарушување на демократските процеси и поврзаност на властите со трговија со наркотици. Поголемиот дел од тие мерки и натаму се во сила.

Вашингтон по земјотресите привремено за период од четири месеци одобри одредени трансакции поврзани со хуманитарната помош и санација на последиците од катастрофата, што инаку би биле опфатени со санкциите.

Родригез изјави дека испратила писмо до британскиот крал Чарлс Трети со барање за ослободување на венецуелското злато што се чува во британските трезори, како и дека разговарала со претставници на Меѓународниот монетарен фонд за деблокирање финансиски средства.

„Банката на Англија„ со години одбива да ослободи околу 31 тон венецуелско злато што се наоѓа во нејзините трезори. Прашањето околу располагањето со тој имот е предмет на долгогодишен судски спор пред британските судови. 

Поврзани содржини

Девет земји бараат од Брисел да го ублажи воведувањето на новите гранични проверки

9 јули 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран, пристигна жестока одмазда

9 јули 2026

Кина ги повика САД и Иран да разговараат место да употребуваат воена сила

9 јули 2026
НАЈНОВО

Франција и Германија против САД: Запна договорот за нов висок претставник во БиХ

9 јули 2026

На Инфективна e хоспитализиран пациент заразен со маларија

9 јули 2026

Девет земји бараат од Брисел да го ублажи воведувањето на новите гранични проверки

9 јули 2026

Почина д-р Денко Скаловски, редовен професор во пензија

9 јули 2026

„Вино на штикли“ повторно ќе ги обедини виното, гастрономијата и музиката во Скопје

9 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.