Пожар избувна во селото Ини, во близина на Ираклион на Крит денес околу 11 часот по локално време.
Пожарот се развива далеку од куќите и инфраструктурата, а избувнал во трска и ниска вегетација и се проширил на земјоделско земјиште, објавува Катимерини.
Како што е објавено, мобилизирани се копнени и воздушни сили.
Во гасењето учествуваат 45 пожарникари и 11 возила, а еден хеликоптер помага и од воздух.
Ситуацијата, сепак, се влошува од силните ветрови.
Тимот за истрага на пожарот во Ираклион излезе на местото на настанот за да ги испита неговите причини.

