Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Алиу по 13 месеци заминува од функцијата: Парамедик ќе се станува со три години студии

10 јули 2026

Новинарката Дафне Каруана врескала во паника пред експлозијата во која беше убиена

10 јули 2026

И Дебар се приклучува на системот „Безбеден град“

10 јули 2026

На Балканот вештачката интелигенција влегува побрзо од законите

10 јули 2026

„Како лудаци“: Холандскиот заменик-премиер ги нападна мароканските навивачи по немирите

10 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Прирачниците против врсничко насилство на „Макпетрол“ достапни на вебсајтот на „Крени глас“

Press OnlineBy Press Online10 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 

Прирачниците кои имаат за цел да помогнат при препознавањето и справувањето со врсничкото насилство, изработени во рамки на кампањата на „Макпетрол“ – „Крени глас – Стоп за булинг“, се поставени и достапни онлајн на интернет-страницата на Министерството за образование и наука, како и на платформата kreniglas.mk. На овој начин, материјалите ќе бидат достапни не само во училиштата, туку и за родителите, учениците, стручната јавност и за сите граѓани што сакаат подобро да го разберат и препознаат проблемот со булингот.

Во соработка со Министерството за образование и наука, сите прирачници веќе се дистрибуирани до основните училишта низ земјата. Материјалот е достапен на македонски, албански, турски, српски и на босански јазик, а е подготвен од психологот Деспина Стојановска, врз основа на директна работа со учениците во рамки на едукативните работилници од кампањата.

– Со тоа што прирачниците ќе бидат достапни и онлајн, сакаме оваа содржина да стигне до што повеќе луѓе. Врсничкото насилство не е тема што ги засега само училиштата, туку и семејствата и целата заедница. Затоа е важно практичните насоки, искуствата од терен и стручната поддршка да бидат лесно достапни за секој што има потреба од нив – велат од компанијата.

Кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ изминативе две години значително го зголеми интересот на јавноста за овој сериозен проблем. Во повеќе од 150 основни училишта во 26 општини беа одржани 620 работилници, на кои присуствуваа над 18.000 ученици. Дополнително, беа организирани и 17 работилници за родители, со повеќе од 3.000 учесници, два големи отворени настани, а беа испечатени и доставени едукативни материјали во над 10.000 примероци. Интернет-страницата kreniglas.mk и натаму функционира како платформа што содржи информации за подобро разбирање на проблемот со булингот.

Општествената одговорност, со особен фокус на децата и на младите генерации, останува една од најзначајните стратешки определби на „Макпетрол“. Преку вакви долгорочни активности, компанијата продолжува да поддржува теми што се важни за секојдневието на учениците со цел да придонесе кон градење средина која што за младите ќе биде безбедна и која што ќе создаде простор позитивно да се развиваат.

Поврзани содржини

Алиу по 13 месеци заминува од функцијата: Парамедик ќе се станува со три години студии

10 јули 2026

И Дебар се приклучува на системот „Безбеден град“

10 јули 2026

Сончев и топол викенд, во недела попладне можен локален дожд со грмежи

10 јули 2026
НАЈНОВО

Алиу по 13 месеци заминува од функцијата: Парамедик ќе се станува со три години студии

10 јули 2026

Новинарката Дафне Каруана врескала во паника пред експлозијата во која беше убиена

10 јули 2026

И Дебар се приклучува на системот „Безбеден град“

10 јули 2026

На Балканот вештачката интелигенција влегува побрзо од законите

10 јули 2026

„Како лудаци“: Холандскиот заменик-премиер ги нападна мароканските навивачи по немирите

10 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.