Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Идниот британски премиер повика на поголем притисок врз Израел

10 јули 2026

Центар за услуги отворен и во Прилеп

10 јули 2026

Лекари на светот – Франција: Се почести се нападите врз здравствените работници во конфликтните зони

10 јули 2026

Ќе се заострат критериумите за увоз на млеко во прав

10 јули 2026

Лавров: Русија ќе ја продолжи војната до капитулација на Украина

10 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Лекари на светот – Франција: Се почести се нападите врз здравствените работници во конфликтните зони

Press OnlineBy Press Online10 јули 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 Невладината организација Лекари на светот – Франција (МдМ) денеска ја повика меѓународната заедница на „политичко будење“ поради нападите врз здравството и здравствените работници во подрачјата на судири.

– Во периодот од 2016 до  2026 година, Лекари на светот документираа 223 напади врз здравствени работници и други лица што влијаеја на нивните меѓународни операции … Тоа се речиси два инцидента месечно, предупредува невладината организација.

Според МдМ, изминатите десет години во светот регистрирани се повеќе од 17.000 такви напади, од кои дури 64 проценти се припишуваат на државни актери, при што загинаа 3.600 здравствени работници, а уапсени се 2.575 други хуманитарни работници.

Во извештајот на МдМ се наведува дека најтешко погодените се Мјанмар, Централноафриканската Република и палестинските територии, каде што „геноцидот во Газа што трае од октомври 2023 година резултираше со зголемување на нападите и опструкција на здравствената заштита, што е широко документирано.

Портпаролката на МдМ, Леа Готје истакна дека здравствените работници, покрај насилството, што најчесто завршува со смрт, се соочуваат и со напади кои се многу помалку видливи, но подеднакво деструктивни.

– Станува збор за кражби, провали, изнуда, апсење на персонал, притворања и предизвикување административни проблеми. Секој пат кога сме блокирани на контролен пункт или на граничен премин, односно во област каде што не можеме да се движиме дури и со дозволи, ние сме блокирани. Сето ова има огромно влијание врз нашата способност за работа и врз здравствените услуги што можеме да им ги обезбедиме на населението, посочи Готје.

Понатаму, во извештајот на организацијата се истакнува дека „зголемената криминализација и политизација на непристрасната помош, реториката што ги делегитимира хуманитарните медицински акции, вклучително и оние што се одвиваат преку интернет, и сето тоа во комбинација со намалувањето на глобалните ресурси, ризикува овие напади да станат уште полоши во следните десет години“.

МдМ ги повика државите да „престанат да ја третираат Резолуцијата 2.286 на Советот за безбедност на Обединети нации како симболична обврска и целосно да ги преземат своите одговорности за превенција, истрага и заштита на здравствената нега.

СБ на ОН пред десет години усвои резолуција со која се осудуваат нападите врз здравствените работници во конфликтните зони.

Поврзани содржини

Идниот британски премиер повика на поголем притисок врз Израел

10 јули 2026

Лавров: Русија ќе ја продолжи војната до капитулација на Украина

10 јули 2026

Унгарија се приклучува кон EPPO, ЕУ воодушевена

10 јули 2026
НАЈНОВО

Идниот британски премиер повика на поголем притисок врз Израел

10 јули 2026

Центар за услуги отворен и во Прилеп

10 јули 2026

Лекари на светот – Франција: Се почести се нападите врз здравствените работници во конфликтните зони

10 јули 2026

Ќе се заострат критериумите за увоз на млеко во прав

10 јули 2026

Лавров: Русија ќе ја продолжи војната до капитулација на Украина

10 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.