Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Огромен пожар во близина на Париз (видео)

14 јули 2026

ЕУ има негативен природен прираст, но населението се зголемува поради мигрантите

14 јули 2026

Бројот жртви во земјотресите во Венецуела достигна 4490 загинати

14 јули 2026

Пловидбата низ Ормуз на ниво најниско во последните пет седмици

14 јули 2026

Американската армија првпат употреби поморски дронови за напад врз база во Иран

14 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

ЕУ има негативен природен прираст, но населението се зголемува поради мигрантите

Press OnlineBy Press Online14 јули 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На 1 јануари 2026 година, во ЕУ живееле 452,0 милиони жители, што е за 706 000 повеќе од претходната година. Ова е петта година по ред да има на раст на населението во ЕУ, по падот во 2021 година за време на пандемијата COVID-19.

Негативниот природен прираст во ЕУ (повеќе смртни случаи отколку раѓања) што трае од 2012 година, се компензира со позитивна нето миграција, покажуваат податоците на Евростат.

На 1 јануари 2026 година, населението на ЕУ беше за 8,0 милиони луѓе побројно отколку во 2016 година и за 16,0 милиони во споредба со 2006 година.

Во периодот од 1960 година, пак, населението на ЕУ се зголемило за 97,5 милиони, од 354,5 милиони на 452,0 милиони во 2026 година. Во исто време, стапката на раст на населението се забави. Во просек, населението се зголемуваше за 3,0 милиони луѓе годишно во 1960-тите, а за 0,6 милиони по 2010 година 

Најмногу жители во ЕУ има Германија 83,5 милиони, а најмалку Малта. 600 илјади. 

Петте најнаселени земји сочинуваа две третини од популацијата на ЕУ: Германија (18,5% од населението на ЕУ), Франција (15,3%), Италија (13,0%), Шпанија (11,0%) и Полска (8,0%).

Помеѓу 1 јануари 2025 година и 1 јануари 2026 година, населението се зголемило во 16 земји од ЕУ. Иако со најмал број на жители, Малта бележи највисока стапка на раст (+24,1 на 1000 луѓе), заедно со Кипар (+13,7) и Луксембург (+13,1). Најголемо опаѓање на населенеито, пак, има во Летонија (-8,3 на 1000 луѓе), Естонија (-6,8) и Унгарија (-5,4).

Поврзани содржини

Огромен пожар во близина на Париз (видео)

14 јули 2026

Бројот жртви во земјотресите во Венецуела достигна 4490 загинати

14 јули 2026

Пловидбата низ Ормуз на ниво најниско во последните пет седмици

14 јули 2026
НАЈНОВО

Огромен пожар во близина на Париз (видео)

14 јули 2026

ЕУ има негативен природен прираст, но населението се зголемува поради мигрантите

14 јули 2026

Бројот жртви во земјотресите во Венецуела достигна 4490 загинати

14 јули 2026

Пловидбата низ Ормуз на ниво најниско во последните пет седмици

14 јули 2026

Американската армија првпат употреби поморски дронови за напад врз база во Иран

14 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.