Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Нова анкета во Србија: Студентската листа води пред СНС на Вучиќ

15 јули 2026

Повторно ќе му се суди на таткото на Вања – потврден доживотниот затвор за Палевски

15 јули 2026

Владата на Мелони доживеа пораз во парламентот за изборната реформа

15 јули 2026

СДСМ: Трагата за милионските договори на компанијата „Маратон“ води до Игор Јанушев

15 јули 2026

ФАЦ: Брисел сега гледа потценувачки на Албанија поради „системска корупција“ на Рама

15 јули 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Биста на Махатма Ганди ќе биде поставена во Скопје

Press OnlineBy Press Online15 јули 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Биста на Махатма ганди, кој се смета за татко на нацијата во индија, во догледно време ќе биде поставена во Скопје, а е донација од Амбасадата на Индија, соопшти денеска скопскиот градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. 

 

Тој вели дека денеска се сретнал со со делегација од Амбасадата на Република Индија, предводена од ополномоштениот амбасадор на Индија за Македонија, Арун Кумар Саху.

 

– Разговаравме за значењето на зачувувањето на оставината на Мајка Тереза и Махатма Ганди, две исклучителни личности и универзални симболи на мирот, хуманоста, толеранцијата и човековото достоинство. Мајка Тереза, родена во Скопје во 1910 година и добитничка на Нобелова награда за мир, најголемиот дел од својот мисионерски живот го посветила на помагање на најранливите во Индија, додека Махатма Ганди кој се смета за Таткото на нацијата, останува еден од најголемите поборници за мир и ненасилство во светската историја.

Во таа насока, амбасадорот Саху најави донација на биста на Махатма Ганди за Град Скопје, која ќе биде поставена на јавен простор како траен симбол на пријателството меѓу Македонија и Индија – додава Ѓорѓиевски.

 

Тој е уверен дека оваа иницијатива дополнително ќе ги зацврсти односите и ќе придонесе за промовирање на мирот, дијалогот и меѓусебното почитување.

Поврзани содржини

Повторно ќе му се суди на таткото на Вања – потврден доживотниот затвор за Палевски

15 јули 2026

СДСМ: Трагата за милионските договори на компанијата „Маратон“ води до Игор Јанушев

15 јули 2026

Решено убиството на д-р Ацо Трповски во Автокоманда пред две години – осомничени се сопружници

15 јули 2026
НАЈНОВО

Нова анкета во Србија: Студентската листа води пред СНС на Вучиќ

15 јули 2026

Повторно ќе му се суди на таткото на Вања – потврден доживотниот затвор за Палевски

15 јули 2026

Владата на Мелони доживеа пораз во парламентот за изборната реформа

15 јули 2026

СДСМ: Трагата за милионските договори на компанијата „Маратон“ води до Игор Јанушев

15 јули 2026

ФАЦ: Брисел сега гледа потценувачки на Албанија поради „системска корупција“ на Рама

15 јули 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.