Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

ВЛЕН се трансформира во единствен политички субјект – „процесот е неповратен, доаѓа ново време на политичката сцена“

29 април 2026

ЦИВИЛ: Профитот не вреди колку животот

29 април 2026

Граѓанскиот сектор вклучен „само колку да се кажe“ во работната група за Изборниот законик

29 април 2026

Зеленски: Членството во ЕУ и безбедносни гаранции – клучни барања на Украина

29 април 2026

Дерала: Изборниот законик е алатка за озаконета корупција

29 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, април 29
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

СДСМ: Повторно е зголемена минималната синдикална кошничка, ВМРО-ДПМНЕ ги турна граѓаните во сиромаштија

Press OnlineBy Press Online21 јули 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Синдикалната минимална кошничка за јули е повторно зголемена и достигна 65 328 денари, што е  нов удар по џебот на граѓаните, реагираат од опозицискиот СДСМ.



„За само еден месец основните трошоци  за живот пораснале за 630 денари, а за три месеци растот е дури 2 637 денари. Најголем е порастот повторно кај храната и пијалаците. На едно четиричлено семејство во јули му се потребни 23 682 денари за да купи храна. Пеколни податоци регистира и статистиката на почеток на месецот. Годишната инфлација е зголемена на 4,5 отсто. Овие поразителни бројки се резултатот од една година владеење на ВМРО-ДПМНЕ – целосно промашена, аматерска економска политика. Животот станува уште поскап, инфлацијата притиска, а куповната моќ на граѓаните е срушена“ соопштија од СДСМ.

Оттаму додаваат дека економските политики на Владата доживеале целосен дебакл и дека ВМРО-ДПМНЕ, не само што нема план како да се справи со растечката инфлација, туку упорно не прифаќа ниту еден предлог што го нуди СДСМ за намалување на цените и зголемување на платите.

„Потребни се конкретни мерки за заштита на стандардот на граѓаните и итно покачување на платите на работниците. Но оваа влада си мисли на на себе и на сопствените потреби со што ја загрозува економската сигурност на секое семејство во земјава“,додаваат социјалдемократите.

Премиерот Христијан Мицкоски најави оти ќе предложи на следната седница на Економско-социјалниот совет, за која вели дека очекува да се одржи во најскоро време, синдикалната минимална кошничка да биде поделена во пет сегменти – потрошувачка кошничка за самец, за млад брачен пар, тричлено семејство, четиричлено семејство, како и кошничка за пензионери.

Поврзани содржини

ВЛЕН се трансформира во единствен политички субјект – „процесот е неповратен, доаѓа ново време на политичката сцена“

29 април 2026

ЦИВИЛ: Профитот не вреди колку животот

29 април 2026

Граѓанскиот сектор вклучен „само колку да се кажe“ во работната група за Изборниот законик

29 април 2026
НАЈНОВО

ВЛЕН се трансформира во единствен политички субјект – „процесот е неповратен, доаѓа ново време на политичката сцена“

29 април 2026

ЦИВИЛ: Профитот не вреди колку животот

29 април 2026

Граѓанскиот сектор вклучен „само колку да се кажe“ во работната група за Изборниот законик

29 април 2026

Зеленски: Членството во ЕУ и безбедносни гаранции – клучни барања на Украина

29 април 2026

Дерала: Изборниот законик е алатка за озаконета корупција

29 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.