Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

ОН: Трговијата со кокаин и метамфетамин е во подем

26 јуни 2026

Грција од 1 јули ќе наплаќа три евра царина за секој производ купен онлајн од трети земји

26 јуни 2026

ЗНАМ: Нема конечен договор за владината реконструкција, сите опции се отворени

26 јуни 2026

Со стиховите на Анте Поповски ќе започне музичко-сценски перформанс за одбележувањето на 35-годишнината на Македонија со над 120 уметници

26 јуни 2026

Затворен „Алигатор Алкатраз“, центарот за имигранти во Флорида

26 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Одбиени сите амандмани на СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ заложници на Тошковски за партиска милиција

Press OnlineBy Press Online23 јули 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Прес конференција на СДСМ, Миле Талески – пратеник

На денешната седница на собраниската комисија, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги одбија сите амандмани поднесени од страна на СДСМ на измените на скандалозниот Закон за полиција и Закон за внатрешни работи.


Со ова, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не  само што гласаа за партизација на полицијата, туку станаа соучесници врз растирањето на најважниот дел од безбедниот систем, полицијата и Министерството за внатрешни работи.

Ударот што врз полицијата и професионалците во полиција го спрема Тошковски е удар и врз безбедноста на граѓаните и врз демократскиот поредок на земјата.

Амандманите на СДСМ се однесуваа на задржување на кариерниот систем, професионалноста и институционалниот интегрирет на полициската униформа.

Затоа што намерата на Тошковски е целосна демонтажа на функционалната структура на полицијата и создавање партиска милиција под негова контрола.

Баравме соодветна класификација на работните места во  МВР, за да српечиме хаотично и селективно вработување само по партиски клуч.

Баравме задржување на регионалните гранични центри за да ја сочуваме безбедноста на границите и да не дозволиме мигранти во иднина.

СДСМ преку конкретни и разумни амандмани вложи напор да се задржи професионалноста и функционалноста на МВР. Но ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите наши предлози – свесно, по налог, со политичка цел.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го следеа партискиот интерес наместо интересот на граѓаните и на државата.

Забораваат дека на овој начин стануваат и тие заложници и идни жртви на Тошковски по рецептот на Никола Груевски.

Како во времето на Груевски, и сега се воспоставува систем на контрола, притисок и уцени. Никој нема да биде поштеден – секој што нема да слуша ќе биде таргетиран.

Ова е директен удар врз професионализмот и деполитизацијата на полицијата за која сите се боревме години наназад.

Очигледно по секоја цена Тошковски сака полиција за заштита на мафијата на власт.

Граѓаните веќе видоа што значи полициски систем под команда на партија – злоупотреби, прислушувања, тортура, заплашувања. Тоа време никогаш повеќе не смее да се врати.

Ги повикуваме сите слободоумни граѓани, невладини организации, меѓународни претставници да го кренат својот глас против создавањето партиска милиција, против ова рушење на еден од столбовите на демократијата.

СДСМ и понатаму ќе се спротивставува на секој обид за назадување, за враќање во режим. Ќе се бориме за професионална, транспарентна и деполитизирана полиција – онаква каква што им треба на граѓаните и државата.

СДСМ останува на страна на правдата, редот и граѓаните!

Поврзани содржини

ЗНАМ: Нема конечен договор за владината реконструкција, сите опции се отворени

26 јуни 2026

Со стиховите на Анте Поповски ќе започне музичко-сценски перформанс за одбележувањето на 35-годишнината на Македонија со над 120 уметници

26 јуни 2026

Се преврте приколка од товарно возило на автопатот кон Гевгелија

26 јуни 2026
НАЈНОВО

ОН: Трговијата со кокаин и метамфетамин е во подем

26 јуни 2026

Грција од 1 јули ќе наплаќа три евра царина за секој производ купен онлајн од трети земји

26 јуни 2026

ЗНАМ: Нема конечен договор за владината реконструкција, сите опции се отворени

26 јуни 2026

Со стиховите на Анте Поповски ќе започне музичко-сценски перформанс за одбележувањето на 35-годишнината на Македонија со над 120 уметници

26 јуни 2026

Затворен „Алигатор Алкатраз“, центарот за имигранти во Флорида

26 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.