Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Кина испрати 15.000 тони ориз во Куба

26 мај 2026

Сенката од „Брегзит“ се надвисна над Канада по референдумот за независност на Алберта

26 мај 2026

Рамковниот договор меѓу САД и Иран предвидува рок од 60 дена

26 мај 2026

Судири и протести во Турција по отстранувањето на раководството на опозицијата

26 мај 2026

Заглушен сигналот на авионот со британскиот министер за одбрана во близина на Русија

26 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 26
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

ЕК ги прекршила правилата за именување на својот персонал, пресуди Судот на ЕУ

Press OnlineBy Press Online24 јули 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Општиот суд на ЕУ пресуди дека Европската комисија ги прекршила сопствените правила при именувањето на членовите на персоналот, што во Брисел се толкува како удар за претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и за шефот на нејзиниот Кабинет Бјорн Зајберт.

Општиот суд, кој е првостепена судска инстанца во рамки на Судот на правдата на ЕУ во чија надлежност се и спорови околу одлуките на институциите на ЕУ и нивните службеници, ваквата пресуда ја донесе по тужба поднесена од долгогодишниот функционер на ЕУ, Џејмс Флет.

Флет, кој е правен советник и заменик-директор во Комисијата, ја оспорува законитоста на начинот на именување на носителите на високи административни позиции во Комисијата.

Во 2022 година Флет беше кандидат за позицијата главен правен советник за трговска политика на Комисијата, но, како што тврди, постапката за избор пропаднала поради „процедурални неправилности“.

Една од тие неправилности, според Флет, е што последното интервју со кандидатите за главен правен советник не го спровела Фон дер Лајен, во чија надлежност е именувањето на овој функционер, туку шефот на нејзиниот Кабинетот, Зајберт, кој важи за нејзина десна рака и еден од најблиските соработници.

Флет посочува дека внатрешните правила на Комисијата дозволуваат префрлање на надлежностите во постапката за вакви клучни именување само во „исклучителни и оправдани околности“, што според него не било случај при неговото интервју.

Врз основа на ваквите приговори на Флет, Општиот судот утврди дека Фон дер Лајен незаконски на Зајберт му ги пренела своите надлежности за интервјуто, со што го прекршила „суштинскиот процедурален услов“ што довело до поништување на одлуката за именување.

Според Судот, Комисијата не докажала дека пренесување на надлежноста од страна на претседателката на нејзиниот шеф на Кабинетот се базирало на „императивни потреби на службата“.

Комисијата сега има рок од два месеци и 10 дена да поднесе жалба на ваквата судска одлуката, но во меѓувреме мора итно да именува главен правен советник за трговската политика. Во изминативе две и пол години, по неуспешниот обид за избор во 2022-та, в.д. главен правен советник за трговската политика на Комисијата е Мико Хутунен, кој претходно од април 2020 до јануари 2022 година беше главен правен советник на тимот на ЕК за набавка на вакцини против Ковид-19.

Начинот на набавка на вакцини против Ковид-19 се поврзува со т.н. аферата „Фајзергејт“ во која Фон дер Лајен се обвинува за злоупотреба на должноста при договарањето на набавките на анти-ковид вакцини со американската компанија „Фајзер“.

Поврзани содржини

Панче Тошковски најавува „шок“ во предметот „Мазут“

25 мај 2026

Видео: Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе

25 мај 2026

Неможам да кажам зошто МВР не дала снимки од видеонадзорот и зошто ЈО оди со детали во јавност вели Тошковски за 360 и „фрли“ сомнеж врз обвинителот

25 мај 2026
НАЈНОВО

Кина испрати 15.000 тони ориз во Куба

26 мај 2026

Сенката од „Брегзит“ се надвисна над Канада по референдумот за независност на Алберта

26 мај 2026

Рамковниот договор меѓу САД и Иран предвидува рок од 60 дена

26 мај 2026

Судири и протести во Турција по отстранувањето на раководството на опозицијата

26 мај 2026

Заглушен сигналот на авионот со британскиот министер за одбрана во близина на Русија

26 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.