Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Виткоф и Кушнер наскоро ќе ги посетат Москва и Киев?

10 мај 2026

СЗО препорача 42 дена карантин за евакуираните од крузерот со хантавирус

10 мај 2026

Затвореник од Идризово фатен со марихуана за време на викенд-отсуство

10 мај 2026

(Фото) ТЕЛМА- Газда чиј камион нелегално фрлаше шут во Лисиче, го прегази на пешачки Јорго Куќа и е осуден во „Синџир“

10 мај 2026

Летонскиот министер за одбрана поднесе оставка откако два украински дрона погодија складиште за нафта

10 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 11
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

ЦИВИЛ: Новото лице на геноцидот во Газа – МАСОВНО ИЗГЛАДНУВАЊЕ. Светот не смее да продолжи со молкот!

Press OnlineBy Press Online24 јули 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организацијата за човекови права  изразува најдлабока осуда на масовното изгладнување во Газа, каде што населението веќе се наоѓа во петтата и најтешка фаза на акутна неухранетост (IPC Фаза 5 – „катастрофа“) според меѓународните проценки. Гладот повеќе не е закана – туку сурова реалност, со бројни регистрирани смртни случаи од глад, вклучително и деца. Геноцидот доби ново лице – МАСОВНО ИЗГЛАДНУВАЊЕ.  

Според последните извештаи на Обединетите нации и локалните здравствени власти: 

  • Над 59.000 Палестинци се убиени од почетокот на конфликтот во октомври 2023 година. 
  • Најмалку 111 лица – од кои најмалку 80 деца – починале директно од глад. 
  • Во само 24 часа, регистрирани се 15 нови смртни случаи од малнутриција, меѓу кои 4 деца. 
  • Над 1.000 лица биле убиени додека се обидувале да добијат хуманитарна помош или храна. 
  • Болниците се преполни, а лекари паѓаат од исцрпеност додека се обидуваат да спасат животи. 

Целиот цивилен живот во Газа е под егзистенцијална закана. Со системско ограничување на пристапот до храна, вода и лекови, цивилното население ,особено децата – е оставено без основни средства за преживување. Ова е масовно кршење на меѓународното хуманитарно право и Женевските конвенции. 

ЦИВИЛ упатува итно барање до меѓународната заедница и сите меѓународни институции: 

  • Итно отворање на хуманитарни коридори за непречено доставување храна, вода и медицинска помош. 
  • Гарантиран безбеден пристап за хуманитарните организации и нивните екипи на терен. 
  • Престанок на сите напади врз цивилни цели, вклучувајќи болници, магацини за храна и центри за дистрибуција. 
  • Итно мобилизирање на меѓународна хуманитарна поддршка и финансирање на организациите што делуваат на терен. 
  • Притисок врз сите засегнати страни да го почитуваат меѓународното право, особено обврската за заштита на цивилното население. 

Секој ден од одложување значи изгубени животи. Светот мора да делува веднаш – не за хуманитарна солидарност, туку за спасување човечки животи! 

ЦИВИЛ ја повикува јавноста, граѓанските организации, медиумите и политичките лидери да го кренат својот глас и да се приклучат кон притисокот за итно дејствување. 

ЦИВИЛ 

Преземено: Цивил Медиа

Поврзани содржини

Затвореник од Идризово фатен со марихуана за време на викенд-отсуство

10 мај 2026

(Фото) ТЕЛМА- Газда чиј камион нелегално фрлаше шут во Лисиче, го прегази на пешачки Јорго Куќа и е осуден во „Синџир“

10 мај 2026

Скандал со додатоците во градинките: Стеваноски го обвини Јаким Неделков за дискриминација на вработените

10 мај 2026
НАЈНОВО

Виткоф и Кушнер наскоро ќе ги посетат Москва и Киев?

10 мај 2026

СЗО препорача 42 дена карантин за евакуираните од крузерот со хантавирус

10 мај 2026

Затвореник од Идризово фатен со марихуана за време на викенд-отсуство

10 мај 2026

(Фото) ТЕЛМА- Газда чиј камион нелегално фрлаше шут во Лисиче, го прегази на пешачки Јорго Куќа и е осуден во „Синџир“

10 мај 2026

Летонскиот министер за одбрана поднесе оставка откако два украински дрона погодија складиште за нафта

10 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.