Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Температури до 38 степени, попладне можно локално невреме

25 јуни 2026

Два земјотреси над седум степени го потресоа Каракас, има жртви (ВИДЕО)

25 јуни 2026

Ако патувате за Халкидики: Целосно се затвора обиколницата кон Солун во двата правци

25 јуни 2026

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

25 јуни 2026

Крим во карантин, а Путин призна „огромен прилив“ на украински дронови

25 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Рама со ултиматум: До 31 јули да се отстрани секој материјал што се наоѓа на помалку од 20 метри од коловозот на патиштата

Press OnlineBy Press Online25 јули 2025 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

16

Албанскиот премиер Еди Рама, упати ултиматум до претприемачите, кои имаат свои бизниси покрај националните патишта, до 31 јули, да отстранат секаков вид материјал, што се наоѓа на помалку од 20 метри од коловозот.

Преку објава на социјалните мрежи, Рама наведува дека ова треба да биде и законската безбедносна дистанца, порачувајќи дека „ќе има казнени мерки за бизнисите што нема да го испочитуваат рокот”.

-Паралелно со рушење на дивоградбите и ослободување на јавниот простор во населените места, започнаа напорите за ослободување на националните патишта од различните видови бизниси по должината на патот. Бизнисите по должината на сегментите од патот имаат рок до 31 јули да отстранат секаков вид материјал што се наоѓа на помалку од 20 метри од коловозот, што е и законската безбедносна дистанца – со исклучок на зградите изградени со дозвола, но не и материјалите во нивните дворови, чии огради исто така ќе треба да се повлечат до максимална можна мера, според проектот што подоцна ќе им го достави Агенцијата за патишта, напиша Рама.

Тој објавува фотографија од складиште со градежен материјал како пример дека тоа повеќе нема да се дозволи. Тоа важи и за складови на стари возила и се што го попречува слободното движење и одвивање на сообраќајот.

„Албанија сега чука на вратата на Европската Унија и оваа преодна фаза на вршење економска активност на штета на заедницата и животната средина како целина, како и безбедноста во сообраќајот на националните патишта, особено, треба да се смета за затворена. Од сите и со најголемо национално разбирање, за Албанија 2030 во ЕУ“, нагласува Рама.

По негова наредба акцијата за уривање на дивоградби започна во туристичкото планинско место Тет, каде беа урнати стотина објекти, а во Тирана, речиси целосно е ослободен нелегално запоседнатиот јавен простор пред кафулиња, ресторани, поставени гаражи и други објекти

Поврзани содржини

Ако патувате за Халкидики: Целосно се затвора обиколницата кон Солун во двата правци

25 јуни 2026

Урнат облакодерот „Вјесник“, некогаш симболот на Загреб

24 јуни 2026

Хакерски напад на Плитвице: Картичките се одбиваат, продавниците се затворени…

24 јуни 2026
НАЈНОВО

Температури до 38 степени, попладне можно локално невреме

25 јуни 2026

Два земјотреси над седум степени го потресоа Каракас, има жртви (ВИДЕО)

25 јуни 2026

Ако патувате за Халкидики: Целосно се затвора обиколницата кон Солун во двата правци

25 јуни 2026

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

25 јуни 2026

Крим во карантин, а Путин призна „огромен прилив“ на украински дронови

25 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.