Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Граѓанскиот сектор вклучен „само колку да се кажe“ во работната група за Изборниот законик

29 април 2026

Зеленски: Членството во ЕУ и безбедносни гаранции – клучни барања на Украина

29 април 2026

Дерала: Изборниот законик е алатка за озаконета корупција

29 април 2026

(ВИДЕО) Филипче: Вајц го демантира Мицкоски – Владата нема напредок во реформите и свесно го блокира европскиот пат

29 април 2026

Кимел: Шегата за Меланија Трамп не беше „повик за атентат“

29 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, април 29
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Локални избори на хоризонтот: ВМРО-ДПМНЕ без кандидати во албанските општини; партиите на терен пред официјалниот старт

Press OnlineBy Press Online28 јули 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Локалните избори во Северна Македонија се очекува да бидат распишани во првата половина на август, со можни датуми за првиот круг на 19 или 26 октомври. Иако официјалниот старт на кампањата според Изборниот законик ќе следи дури по распишувањето на изборите, партиите веќе се активни на терен, промовирајќи проекти, презентирајќи кандидати и остварувајќи директни средби со граѓаните.

Најголемата новина на овие избори е соработката меѓу партиите од владината коалиција: ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ. Посебно важно е тоа што ВМРО-ДПМНЕ, за првпат, нема да кандидира свои кандидати во општините со мнозинско албанско население, туку ќе ги поддржи коалиционите партнери. Лидерот Мицкоски ова го објасни како логична последица на партнерството во владата, очекувајќи позитивни резултати.

СДСМ, како најголема опозициска партија, веќе ги има потврдено скоро сите кандидати, вклучително и Каја Шукова за Град Скопје. Нејзин противкандидат ќе биде Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, што ја поставува клучната битка во главниот град.

Во албанскиот политички блок, најголемата битка се очекува во Чаир, Тетово и Гостивар. Во Чаир, Европскиот фронт го кандидира Бујар Османи, кој веќе почна директни средби со граѓаните и ветувања за подобрување на квалитетот на живот. Негов противкандидат се очекува да биде заменик-премиерот Изет Меџити од ВЛЕН, кој иако неофицијално веќе промовира проекти во истите населби. Во Тетово, ВЛЕН најверојатно ќе ја поддржи повторната кандидатура на актуелниот градоначалник Билал Касами, додека од друга страна е најавен Бајрам Реџепи. Во Гостивар ситуацијата е понејасна: опозицијата размислува повторно да го кандидира Валбон Лимани, ВЛЕН сè уште нема објавено име, а независниот кандидат Висар Адеми не ја исклучува можноста за коалиција со партии.

Во Струга, ВЛЕН веќе објави поддршка за независниот кандидат Менди Ќира, додека за опозицијата се очекува да настапи Зиадин Села.

Според Изборниот законик на Северна Македонија:

Локалните избори ги распишува Претседателот на Собранието најмалку 70 дена пред денот на одржување. Кампањата трае 20 дена и започнува 20 дена пред денот на изборите. Еден ден пред изборите е „ден на молк“ кога е забранета секоја форма на политичка кампања. Кандидатурире треба да се поднесат најдоцна 45 дена пред денот на изборите.

Изборниот процес се спроведува во еден или два круга. Ако ниту еден кандидат не освои повеќе од половина од важечките гласови во првиот круг, се оди во втор круг меѓу двајцата кандидати со најмногу гласови.

Иако кампањата сè уште не е официјално започната, партиите интензивно настапуваат на терен преку средби, медиумски настапи и активности на социјалните мрежи. Присутни се фотографии и видеа со политичари кои понекогаш се насмеани и пријателски, а понекогаш загрижено ги слушаат проблемите на граѓаните.

Партиите го користат периодот пред официјалниот старт за да ја зацврстат позицијата и да тестираат пораки. Особено е видливо присуството на лидерите на терен и промовирањето на „локални проекти“, што е дел од стратегијата за градење доверба кај избирачите.

Локалните избори во октомври ќе бидат тест не само за политичките сили туку и за функционирањето на изборниот систем и почитувањето на Изборниот законик.

Дестан Јонузи

Поврзани содржини

Граѓанскиот сектор вклучен „само колку да се кажe“ во работната група за Изборниот законик

29 април 2026

Дерала: Изборниот законик е алатка за озаконета корупција

29 април 2026

(ВИДЕО) Филипче: Вајц го демантира Мицкоски – Владата нема напредок во реформите и свесно го блокира европскиот пат

29 април 2026
НАЈНОВО

Граѓанскиот сектор вклучен „само колку да се кажe“ во работната група за Изборниот законик

29 април 2026

Зеленски: Членството во ЕУ и безбедносни гаранции – клучни барања на Украина

29 април 2026

Дерала: Изборниот законик е алатка за озаконета корупција

29 април 2026

(ВИДЕО) Филипче: Вајц го демантира Мицкоски – Владата нема напредок во реформите и свесно го блокира европскиот пат

29 април 2026

Кимел: Шегата за Меланија Трамп не беше „повик за атентат“

29 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.