Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Бројот загинати во земјотресот на Филипините се искачи на 45

10 јуни 2026

Костадиновски: „Нема да коментирам политички ставови, на македонската политичка сцена сè уште опстојува примитивен политички менталитет“

10 јуни 2026

(ФОТО+ВИДЕО) Запленети над 300 парчиња пури при претрес на автобус на ГП „Табановце“ – поднесена е кривична против возачот

10 јуни 2026

ЕУ: Мај 2026 година беше вториот најтопол месец мај во историјата на мерењата

10 јуни 2026

Адвокат Стеваноски: ВМРО-ДПМНЕ врши јавен линч врз Спиркоски и притисок врз истрагата за Царина

10 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Кривична пријава за Кавадарец – си го убил братот и го закопал во дворот

Press OnlineBy Press Online6 август 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

ОВР Кавадарци до кавадаречкото Основно јавно обвинителство, денеска поднесе кривична пријава против С.И., 43-годишен кавадарчанец, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичнo делo „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.

-Тој се сомничи дека на 27 јули во семејниот дом во Кавадарци со метален предмет нанел повреди на неговиот брат И.И., 42-годишен кавадарчанец, од кои тој починал, по што телото го закопал во помошен објект во дворот од заедничката куќа, појаснуваат од СВР – Велес.

Нивната сестра В.О., на возраст од 44 години, вчера во 11 часот во ОВР – Кавадарци го пријавила за исчезнат нејзиниот брат И.И.

-Додека, во 13 часот пријавила дека во помошниот објект во дворот од куќата на нејзините браќа, каде што отишла со сопругот, забележале дека има ископ покриен со ровка земја, по што се посомневале дека е можно нејзиниот исчезнат брат да е закопан внатре. Веднаш по пријавата, на местото излегле јавен обвинител, полициски службеници и претставници од Институт за судска медицина – Скопје, а од погребално претпријатие, откопана е дупката и било пронајдено телото на И.И., додаваат оттаму.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција и вештачење.

– Истиот ден во 14:40 часот, по извршени оперативни проверки и добиени сознанија и во координација со јавен обвинител, полициски службеници го лишиле од слобода С.И., по што го спровеле во Јавното обвинителство, каде во службен разговор го признал делото, истакнуваат од СВР – Велес.

Поврзани содржини

Костадиновски: „Нема да коментирам политички ставови, на македонската политичка сцена сè уште опстојува примитивен политички менталитет“

10 јуни 2026

(ФОТО+ВИДЕО) Запленети над 300 парчиња пури при претрес на автобус на ГП „Табановце“ – поднесена е кривична против возачот

10 јуни 2026

Адвокат Стеваноски: ВМРО-ДПМНЕ врши јавен линч врз Спиркоски и притисок врз истрагата за Царина

10 јуни 2026
НАЈНОВО

Бројот загинати во земјотресот на Филипините се искачи на 45

10 јуни 2026

Костадиновски: „Нема да коментирам политички ставови, на македонската политичка сцена сè уште опстојува примитивен политички менталитет“

10 јуни 2026

(ФОТО+ВИДЕО) Запленети над 300 парчиња пури при претрес на автобус на ГП „Табановце“ – поднесена е кривична против возачот

10 јуни 2026

ЕУ: Мај 2026 година беше вториот најтопол месец мај во историјата на мерењата

10 јуни 2026

Адвокат Стеваноски: ВМРО-ДПМНЕ врши јавен линч врз Спиркоски и притисок врз истрагата за Царина

10 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.