Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Татко го избодел 12-годишниот син во градите, крвава драма ја потресе Италија

26 мај 2026

Трамп им забранил на американските епидемиолози да комуницираат со СЗО

26 мај 2026

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО-ДПМНЕ си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

26 мај 2026

Топлoтниот бран во Европа одзеде седум животи во Франција

26 мај 2026

Претседателот на Албанија отиде на аџилак

26 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 26
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Македонски тим од ФЕИТ со награда за најдобар научен труд за модел на ВИ на македонски јазик на конференција во Виена

Press OnlineBy Press Online8 август 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Студенти и истражувачи од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ/УКИМ) освоија награда за најдобар научен труд со наслов „Towards Open Foundation Language Model and Corpus for Macedonian: A Low-Resource Language“ на меѓународната конференција „Slavic NLP Workshop“, одржана во рамки на 63-тото издание на една од најпрестижните светски конференции за обработка јазик – ACL (Association for Computational Linguistics) во Виена, Австрија.

Како што соопштија од ФЕИТ, Стефан Крстески, Борјан Саздов и Матеа Ташковска, под менторство на професорите Бранислав Геразов и Христијан Ѓорески, со овој труд направија значаен придонес кон дигитализацијата и технолошкиот развој на македонскиот јазик и на Вештачката интелигенција (ВИ) во Македонија.

Во рамки на истражувањето биле развиени четири клучни ресурси: голем јазичен ВИ модел (анг. LLM) специјализиран за македонски јазик најдобар во својата категорија – domestic-yak-8B, потоа најголемиот јавно достапен текстуален корпус за македонски јазик, множество инструкции на македонски јазик за развој на големи јазични модели и систем за евалуација на перформансите на јазичните модели на македонски јазик.

-Овие ресурси се јавно достапни на веб-страницата www.lvstck.org и претставуваат прва отворена инфраструктура за развој на големи јазични модели и апликации базирани на вештачка интелигенција на македонски јазик. Овие ресурси може да се користат како основа за понатамошни истражувања, развој на македонски јазични алатки и нивна примена во различни сфери и апликации. Овој успех претставува меѓународно признание за македонските истражувачи и чекор кон дигитална иднина во која македонскиот јазик добива поддршка и видливост во глобалниот развој на јазични технологии и вештачка интелигенција, се наведува во соопштението.

ACL е водечка глобална конференција во областа на обработка на природен јазик, со традиција од 63 години. “Slavic NLP” Workshop, која оваа година го одбележа своето десетто издание, е посветена на истражувања од областа на обработка на сите словенски јазици.

Поврзани содржини

Татко го избодел 12-годишниот син во градите, крвава драма ја потресе Италија

26 мај 2026

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО-ДПМНЕ си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

26 мај 2026

Претседателот на Албанија отиде на аџилак

26 мај 2026
НАЈНОВО

Татко го избодел 12-годишниот син во градите, крвава драма ја потресе Италија

26 мај 2026

Трамп им забранил на американските епидемиолози да комуницираат со СЗО

26 мај 2026

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО-ДПМНЕ си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

26 мај 2026

Топлoтниот бран во Европа одзеде седум животи во Франција

26 мај 2026

Претседателот на Албанија отиде на аџилак

26 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.