Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Белгија увезува повеќе руски гас од пред војната, независно санкциите на ЕУ

20 јуни 2026

Израелски тенк погоден во Либан, четворица војници убиени

20 јуни 2026

Норвешка ќе отвори Конзулат на Гренланд

20 јуни 2026

(Видео) Руска ракета промаши украински дрон и ја погоди рафинеријата во Москва

20 јуни 2026

Зеленски: Украина ја има втората најсилна армија во НАТО според борбениот капацитет

20 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Марк Руте го фалеше Трамп: Средбата во Алјаска ќе биде голем тест за Владимир Путин

Press OnlineBy Press Online11 август 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

10

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека самитот на претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска ќе биде важен тест за ставање крај на војната во Украина.

„Следниот петок ќе биде важен, бидејќи ќе се работи за тестирање на Путин – колку е сериозен за ставање крај на оваа ужасна војна“, изјави Руте за АБЦ Нуз.

Тој наведе и оти „се надева дека состанокот ќе биде чекор кон сеопфатни преговори за ставање крај на војната“.

„Ќе има прашање за територијата, се разбира прашањето за безбедносните гаранции, но и апсолутната потреба да се признае дека Украина самата решава за сопствената иднина, дека Украина мора да биде суверена држава која самата одлучува за сопствената геополитичка иднина, се разбира, без ограничувања во поглед на сопствениот број војници. И дека НАТО нема ограничувања за своето присуство на источното крило“, додаде Руте.

Тој го пофали Трамп, опишувајќи го како „миротворец“.

„Претседателот сака да стави крај на ова. Тој сака да ја запре страшната загуба на животи“, рече Руте.

Шефот на НАТО, исто така, ја призна реалноста дека Русија контролира дел од предвоената територија на Украина.

„Прашањето ќе биде како да се продолжи по прекинот на огнот, вклучително и што значи тоа во однос на безбедносните гаранции за Украина“, рече тој.

Руте, исто така, ја коментираше можноста Русија да ја задржи контролата врз делот од Украина што се наоѓа под нивна окупација.

„Кога станува збор за целото ова прашање за територијата, кога станува збор за признавање, на пример, можеби во некој иден договор дека Русија де факто, фактички, контролира дел од територијата на Украина, тоа мора да биде фактичко признавање, а не политичко де јуре признавање“, рече тој.

Во последниве денови, Трамп сугерираше „одредена размена на територија“ како дел од можниот мировен договор.

Сепак, украинскиот претседател Володимир Зеленски одби да отстапи кој било дел од украинската територија, особено источен Донбас, за да постигне прекин на огнот и истакна дека Киев мора да биде присутен во преговорите.

Неколку европски држави, исто така, сметаат дека не треба да има мировни преговори без присуство на Украина.

И додека Руте го пофали претседателот за претстојниот состанок, поранешниот Советник за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон, беше критичен кон пристапот на Трамп во однос на Путин.

„Мислам дека Трамп веќе направи неколку грешки – прво, со тоа што средбата се одржува на американско тло, со што се легитимира лидерот на државата-парија. Второ, тој му дозволи на Путин да ја добие „предноста на првиот потег“ ставајќи го својот мировен план на маса пред Трамп“, рече Болтон.

Говорејќи и за АБЦ Нус, Болтон рече дека средбата е можност за Путин.

„Она што Путин најмногу го добива е можноста насамо да се обиде повторно со својот `магичен` пристап кон Трамп, користејќи ја својата обука во КГБ. Намерно или ненамерно, тој го турна Трамп подалеку отколку што Трамп сакаше да оди. И ја видовте реакцијата. Она што Путин сака да го врати не е толку укинување на санкциите, туку повторно воспоставување односи со Трамп. Ќе видиме дали тоа и ќе го добие“, додаде Болтон.

Поврзани содржини

Белгија увезува повеќе руски гас од пред војната, независно санкциите на ЕУ

20 јуни 2026

Израелски тенк погоден во Либан, четворица војници убиени

20 јуни 2026

Норвешка ќе отвори Конзулат на Гренланд

20 јуни 2026
НАЈНОВО

Белгија увезува повеќе руски гас од пред војната, независно санкциите на ЕУ

20 јуни 2026

Израелски тенк погоден во Либан, четворица војници убиени

20 јуни 2026

Норвешка ќе отвори Конзулат на Гренланд

20 јуни 2026

(Видео) Руска ракета промаши украински дрон и ја погоди рафинеријата во Москва

20 јуни 2026

Зеленски: Украина ја има втората најсилна армија во НАТО според борбениот капацитет

20 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.