Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мицкоски до Беџети: Никој нема против албанскиот јазик, нема да ви дозволиме евтин етнички популизам

1 мај 2026

Петровска до Тошковски: Дали акцијата за поткуп од 50.000 евра е прекината за да се спаси министерот за земјоделство?

1 мај 2026

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

1 мај 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

1 мај 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

1 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, мај 1
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Посетете ја Газа – децата умираат од глад, нема повеќе време – ПРВА ЛИНИЈА

Press OnlineBy Press Online12 август 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Поп-иконата Мадона упати јавен апел до папата Лав XIV да го посети Појасот Газа, каде што кризата со глад предизвикува меѓународна вознемиреност.

„Вие сте единствениот од нас кому не може да му се забрани влез,“ напиша американската пејачка на социјалната мрежа Икс доцна синоќа.

„Мора целосно да се отворат хуманитарните коридори за да се спасат овие невини деца. Нема повеќе време“, додаде таа.

Мадона, која вчера го одбележа 25-тиот роденден на својот син Роко Ричи, објави и дека ќе донира средства за хуманитарни организации кои работат во Газа.

„Чувствувам дека најубавиот подарок што можам да му го дадам како мајка – е да ги замолам сите да направат сè што можат за да ги спасиме невините деца заробени во крстосаниот оган во Газа,“ напиша таа.

Според Агенцијата на Обединетите нации, минатата недела „акутната неухранетост кај децата во Газа достигнала највисоко ниво досега“.

Само во јули, речиси 12.000 деца под пет години биле идентификувани како акутно неухранети, а уште 2.500 со тешка акутна неухранетост – најопасната форма – соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања (OCHA).

Израел ги контролира копнените пристапи кон Газа и ја држи крајбрежната енклава под блокада.

Малку помош стигнуваше во Газа од март до мај, сè до моментот кога Израел дозволи испораки преку контроверзен приватен систем кој ги заобиколува традиционалните агенции на ОН.

Под притисок од сојузниците, Израел неодамна дозволи поголеми хуманитарни конвои да влезат во територијата, додека и од воздух се спроведува достава на помош.

Во неделата, ирскиот рок-бенд U2 остро ја критикуваше израелската влада.

„Знаеме дека Хамас го користи гладот како оружје во војната, но сега тоа го прави и Израел, и чувствувам згрозеност од ова морално пропаѓање,“ напиша фронтменот Боно.

Поврзани содржини

Мицкоски до Беџети: Никој нема против албанскиот јазик, нема да ви дозволиме евтин етнички популизам

1 мај 2026

Петровска до Тошковски: Дали акцијата за поткуп од 50.000 евра е прекината за да се спаси министерот за земјоделство?

1 мај 2026

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

1 мај 2026
НАЈНОВО

Мицкоски до Беџети: Никој нема против албанскиот јазик, нема да ви дозволиме евтин етнички популизам

1 мај 2026

Петровска до Тошковски: Дали акцијата за поткуп од 50.000 евра е прекината за да се спаси министерот за земјоделство?

1 мај 2026

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

1 мај 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

1 мај 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

1 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.