Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Руската армија ноќеска претретнала 140 украински беспилотни летала над своја територија

27 мај 2026

Сончево и топло, попладне можен краткотраен пороен дожд

27 мај 2026

Канада воведува привремена забрана за влез за жители на три африкански држави како мерка за заштита од ебола

27 мај 2026

Земјотрес од 6,9 степени во Чиле

27 мај 2026

Трагичен викенд на плажите: Двајца пливачи загинаа во Франција, повеќе од 30 спасени од морето

27 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, мај 27
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Чеферин одговори дали Израел ќе ја доживее истата судбина како Русија кога станува збор за натпреварите на УЕФА

Press OnlineBy Press Online16 август 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

12

Не сум за забрана на спортистите да се натпреваруваат, изјави во интервју за РТВ Словенија, претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Александар Чеферин, како одговор на прашањето зошто Израел, за разлика од Русија, може да учествува на натпревари под покровителство на УЕФА.

На прашањето зошто УЕФА има различна политика и став кон Русија и Израел, Чеферин одговори дека тоа е легитимно прашање.

„Во принцип, не сум за тоа да не им се дозволи на спортистите да се натпреваруваат. Во случајот со Русија, гледаме дека спортистите не се натпреваруваат три и пол години, а војната е уште полоша отколку што беше. Знам дека многумина се противници на режимот, но сепак не можат да играат. Тука, спортот е силно испреплетен со политиката и политиката е во голема мера вклучена тука“, нагласи Чеферин.

За разлика од Русија, на Израел сепак му е дозволено да се натпреварува, а претседателот на УЕФА ја објасни оваа одлука.

„Многу ми е тешко да коментирам што би можело да се случи. Но, во принцип мислам дека сите спортисти треба да имаат можност да се натпреваруваат“, рече Чеферин.

Тој се осврна и на неодамна завршените големи фудбалски натпреварувања, Светското клупско првенство и Европското првенство за жени, оценувајќи дека играчите се преоптоварени.

„Мислам дека нема простор за никакво ново натпреварување. Дури и Светското клупско првенство, според мене, е нешто што веќе премногу ги оптоварува играчите. Се одржува по сезоната и играчите практично немаат одмор“, заклучи Чеферин.

Поврзани содржини

Сончево и топло, попладне можен краткотраен пороен дожд

27 мај 2026

Мицкоски и Пленковиќ во Охрид: Потпишан Договор за стратешка соработка и Меморандум за енергетика меѓу Македонија и Хрватска

27 мај 2026

Битиќи: Новата Фискална стратегија ги легитимира задолжувањата – за пет години само каматите се 2,74 милијарди евра

27 мај 2026
НАЈНОВО

Руската армија ноќеска претретнала 140 украински беспилотни летала над своја територија

27 мај 2026

Сончево и топло, попладне можен краткотраен пороен дожд

27 мај 2026

Канада воведува привремена забрана за влез за жители на три африкански држави како мерка за заштита од ебола

27 мај 2026

Земјотрес од 6,9 степени во Чиле

27 мај 2026

Трагичен викенд на плажите: Двајца пливачи загинаа во Франција, повеќе од 30 спасени од морето

27 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.