Во многу западноевропски земји, особено во Германија, моделот на дуално образование одамна е стандард. Студентите таму не поминуваат години само во училница – уште од првиот семестар тие паралелно студираат и работат. На тој начин ја стекнуваат неопходната практична експертиза и по дипломирањето веднаш се подготвени за кариера.
Овој пристап се покажал како особено успешен: младите луѓе не само што стекнуваат теоретски знаења, туку уште од самиот почеток учат да ги применуваат во реални компании, во вистински деловни ситуации.
Германски дипломи и професори, локални можности
Токму овој проверен концепт денес е достапен и кај нас. Heidelberg Fakultet го воведе германскиот модел на дуално образование, што значи дека секој студент, веднаш по запишувањето, има загарантирана можност за практична работа во една од водечките компании во земјата – банки, осигурителни друштва, фабрики и индустриски компании.
Предностите се јасни:
• Студирање со германски професори и наставна програма по највисоки стандарди.
• Практична работа уште од првиот семестар во реномирани компании.
• Трошоците за студирање ги покриваат дуалните партнери, а студентите се фокусираат на знаење и кариера.
• Германска диплома која отвара врати и дома и во Европа.
Ова се компаниите каде ќе работат идните студенти запишани на факултетот.
Што значи ова за идните студенти?
Наместо неизвесност по дипломирањето, студентите веќе во текот на студиите стекнуваат искуство и контакти кои се клучни за нивната идна кариера. Факултетот со тоа не нуди само образование, туку и јасна патека кон професионален успех.
На Хајделберг Факултет во Скопје секој студент има свој ментор, кој го води низ студиите и низ кариерата. Предавањата се интерактивни, со примери од реалниот бизнис и ИТ свет, а студентите се охрабруваат да размислуваат критички и да креираат решенија, а не само да меморираат факти.
Со двојната диплома, дипломците на Хајделберг се конкурентни на македонскиот, германскиот и европскиот пазар. Дел од нив продолжуваат магистерски студии во странство, а многумина веќе за време на студиите добиваат понуди за работа од компании-партнери.
„Она што најмногу ме изненади е што не се чувствувам како обичен студент, односно уште од првата година сум дел од компанија и стекнувам искуство што ќе биде клучно за мојата иднина “, вели една студентка од Хајделберг Факултет во Скопје.
Со Хајделберг, Македонија добива европски стандарди во високото образование, а младите можат да ја градат својата иднина без да заминат од земјата.
Конкурсот за прием на студенти на додипломските акредитирани студии со двојна диплома (германска и македонска), за учебната година 2025/26 година е веќе во тек, а голем број од местата се веќе пополнети.
На студиската програма Бизнис администрација: банкарство, осигурување и контролинг има место за 30 студенти, исто колку и на студиската програма Податоци и компјутерски науки.
Во Македонија и во земјите од Западен Балкан се студира според германски студиски програми (на англиски јазик), кои се признаени од Универзитетот Провадис во Франкфурт, од каде и се издава универзитетската диплома.

