Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Повторно судири меѓу Израел и Хезболах во Либан, загрозен мировниот договор меѓу Иран и САД

20 јуни 2026

Сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец

20 јуни 2026

Белгија увезува повеќе руски гас од пред војната, независно санкциите на ЕУ

20 јуни 2026

Израелски тенк погоден во Либан, четворица војници убиени

20 јуни 2026

Норвешка ќе отвори Конзулат на Гренланд

20 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Зеленски: Украина сака да си осигури најмалку милијарда долари месечно за оружје од САД

Press OnlineBy Press Online26 август 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

5

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Киев има цел да си осигуринајмалку една милијарда долари месечно од своите сојузници за набавка на американско оружје за одбрана од Русија.

На заедничка прес-конференција во Киев со норвешкиот премиер Јонас Гар Стере, Зеленски нагласи дека Норвешка може да придонесе кон безбедносните гаранции за Украина, особено во доменот на противвоздушната одбрана и поморската безбедност.

Зеленски дополни дека ќе разговара со специјалниот пратеник на САД, Кит Келог, за подготовките за евентуална средба со рускиот претседател Владимир Путин. Украинскиот претседател додаде дека се очекува американски и украински претставници да се сретнат до крајот на неделата за овие теми, како и за потенцијални безбедносни гаранции.

Украинскиот лидер ја истакна и важноста од поддршката на Норвешка во обезбедување гас, бидејќи Русија со ракетни и дрон-напади ја таргетира енергетската инфраструктура на земјата, вклучително и постројки за природен гас и електрани.

„Русија се обидува да ја осуети нашата подготовка за зимата. Токму затоа ја цениме помошта на Норвешка во набавката на гас“, изјави Зеленски, потсетувајќи дека минатата година благодарение на оваа соработка најмалку еден милион украински домаќинства имале греење.

Норвешка веќе издвојува околу седум милијарди круни (696 милиони долари) за финансирање системи за противвоздушна одбрана за Украина. Владата на премиерот Стере најави дека ќе предложи буџет од 85 милијарди круни (7,2 милијарди евра) за помош на Украина и во 2026 година, што ќе резултира со вкупна поддршка од над 23 милијарди евра за периодот 2023–2030 година.

Поврзани содржини

Повторно судири меѓу Израел и Хезболах во Либан, загрозен мировниот договор меѓу Иран и САД

20 јуни 2026

Белгија увезува повеќе руски гас од пред војната, независно санкциите на ЕУ

20 јуни 2026

Израелски тенк погоден во Либан, четворица војници убиени

20 јуни 2026
НАЈНОВО

Повторно судири меѓу Израел и Хезболах во Либан, загрозен мировниот договор меѓу Иран и САД

20 јуни 2026

Сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец

20 јуни 2026

Белгија увезува повеќе руски гас од пред војната, независно санкциите на ЕУ

20 јуни 2026

Израелски тенк погоден во Либан, четворица војници убиени

20 јуни 2026

Норвешка ќе отвори Конзулат на Гренланд

20 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.