Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Нови дојави за бомби во „Ист гејт“ и „Дајмонд“, полицијата прави евакуација и проверки

19 април 2026

Иран повторно го затворa Ормускиот Теснец, Трамп се закани со нови бомбардирања

19 април 2026

ВРЕДИ: На кој јазик синот на Талат Џафери го положи правосудниот испит?!

19 април 2026

Корумпираниот судија од Врховен „ќари“ условен отпуст: наместо за три години, веќе летово ќе си го помине на слобода

19 април 2026

Најстудено изутринава во Берово минус еден степен, највисока температура во Скопје и Велес – осум степени

19 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, април 19
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

САД ги укина визите на палестински функционери пред Генералното собрание на ОН

Press OnlineBy Press Online30 август 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

5

Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека „им забранува и им одзема визи на членовите на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) и на Палестинската управа (ПА)“, помалку од две недели пред почетокот на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Ова доаѓа откако голем број земји, вклучувајќи ги Франција, Австралија, Канада и Велика Британија, ги најавија своите намери да ја признаат палестинската државност на овој значаен собир.

Потегот е жестоко оспоруван од Израел и неговиот најважен поддржувач, САД.

„Пред ПЛО и ПА да можат да бидат сметани за партнери за мир, тие мора постојано да го отфрлаат тероризмот – вклучувајќи го и масакрот од 7 октомври – и да стават крај на поттикнувањето тероризам во образованието, како што се бара со американскиот закон и како што вети ПЛО“, се вели во изјавата на Стејт департментот со која се оправдуваат визните ограничувања.

Првично не беше јасно дали ова значи дека американските власти исто така би можеле да му го одбијат влезот на палестинскиот претседател Махмуд Абас да присуствува на собирот, кој треба да се одржи во Њујорк од 9 септември.

Стејт департментот првично не одговори на барањето за коментар.

Според изјавата, палестинската мисија при ОН – која има само статус на набљудувач и не е полноправна членка на телото – е ослободена од визните ограничувања.

САД веќе воведоа визни ограничувања против ПЛО и ПА кон крајот на јули, но досега овластените влезни дозволи не беа одземени.

ПА, предводена од 89-годишниот Абас, управува со делови од окупираниот Западен Брег, додека ПЛО служи како официјален претставник на Палестинците на меѓународно ниво.

Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, денеска ја поздрави одлуката на САД да им ги укинат визите на палестинските функционери пред седницата на Генералното собрание на Обединетите нации следниот месец.

Тој му се заблагодари на американскиот државен секретар, Марко Рубио, поради тоа што со овој потег ја повика на одговорност Палестинската ослободителна организација (ПЛО) и Палестинската управа (ПА) „заради наградувањето на тероризмот, како и поради поттикнувањето на војната против Израел“, пренесе Тајмс оф Израел.

Шефот на израелската дипломатија, исто така, рече дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп „со овој смел чекор уште еднаш застанала на страната на Израел“.

Поврзани содржини

Иран повторно го затворa Ормускиот Теснец, Трамп се закани со нови бомбардирања

19 април 2026

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

18 април 2026

Десет години по Брегзит: Повеќе од половина Британци сакаат враќање во ЕУ

18 април 2026
НАЈНОВО

Нови дојави за бомби во „Ист гејт“ и „Дајмонд“, полицијата прави евакуација и проверки

19 април 2026

Иран повторно го затворa Ормускиот Теснец, Трамп се закани со нови бомбардирања

19 април 2026

ВРЕДИ: На кој јазик синот на Талат Џафери го положи правосудниот испит?!

19 април 2026

Корумпираниот судија од Врховен „ќари“ условен отпуст: наместо за три години, веќе летово ќе си го помине на слобода

19 април 2026

Најстудено изутринава во Берово минус еден степен, највисока температура во Скопје и Велес – осум степени

19 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.